Четврток, 06 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Зоране Заев, доста е, престани со лагите и соочи се со вистината!
alt

Заев свесно ги доведува гласачите во заблуда

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев лаже. Зоран Заев безочно лаже во екот на референдумската кампања, пред очите на институциите кои се должни да внимаваат граѓаните да не бидат доведени во заблуда!

Референдумот на 30ти е распишан по капитулантскиот, погубниот договор од Нивици со кој комплетно се брише Република Македонија и идентитетот на Македонците. Референдумот на 30ти е дали сте за Република Северна Македонија и промена на сите имиња и институции преку кои се идентификуваат граѓаните.

Кампањата „За европска Македонија“ е лажна и ги доведува гласачите во заблуда. Оваа кампања е срамна и лажна исто колку што беше срамна и лажна кампањата „За живот“. Лагите кои ги шири Заев на сметка на буџетот се резултат на претходните лаги!

Овој референдум не е за европски вредности, туку за палење на историските факти од учебниците и помагалата.

Референдумот не е за Македонија да стане 30та членка на НАТО, туку за бришење на придавката „македонска“ од името на националната телевизија, театар, академија на науките и уметностите.

Референдумот не е за европски пазар на македонските компании, туку за целосно бришење на македонските брендови и кодови .

Референдумот не е за економски развој и подобра иднина, туку за распродажба на националните интереси и минато!

Референдумот не е за европски вакцини, туку за евтаназија на секој што е Македонец.

Референдумот не е за европска Македонија, туку за претворање на Македонците во вештачка творба без историја и потекло!

Почитувани,

Oбидот да се стави равенство меѓу евро и евроатланските интеграции и бришењето на името на државата и идентитетот на нацијата е срамен обид да се покрие криминалот на оваа бесрамна корумпирана власт. Никој во ЕУ ниту во НАТО не бараше да се смени Уставот. Зоран Заев го продаде Уставот, го даде името, идентитетот, историјата.

Зоране Заев, доста е, престани со лагите и соочи се со вистината! Народот е разочаран, потиштен и излажан. Народот знае дека овој договор е погубен, дека овој договор е се’ само не достоинствен живот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.