Петок, 07 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Полни автобуси организирани од владејачката партија беа донесени во Гостивар
alt

Полни автобуси организирани од владејачката партија беа донесени во Гостивар да аплаудираат на штетниот капитулатнски договор што Заев го потпиша

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Лоран Страшески

На вчерашниот собир организиран од СДСМ во Гостивар, повеќе имаше граѓани од други градови отколку гостиварци. Полни автобуси организирани од владејачката партија го посетија нашиот град за да аплаудираат на партискиот лидер.

Да аплаудираат на штетниот капитулатнски договор што Заев го потпиша и со кој прифати промена на име, идентитет, култура и традиција. Ако мислат онака како што зборуваат дека имаат поддршка од граѓаните, зошто тогаш носат луѓе од други градови? Одговорот е едноставен, Заев и СДСМ знаат дека немаат поддршка од граѓаните на Гостивар и граѓаните на Македонија за овој трагичен и штетен капитулантски договор. За штетниот договор што така лесно и без никаква грижа на совест го потпишаа со неговиот истомисленик Никола Димитров.

Провидна и очигледна е тактиката на СДСМ. Зборуваат за ЕУ и НАТО за да го скријат штетниот, капитулантски, антидржавен договор со кој се брише името, историјата наша, нашето достоинство, нашиот идентитет, договорот со кој стануваме нова творба, нова држава, Република Северна Македонија. Понижувачки срамно е да се дозволи ова „харакири“, кое ни го наметнуваат Зоран Заев и неговите коалициони партнери. Господине Заев, во Европа оди силна, стабилна, некорумпирана држава.

Република Македонија со политичари како вас не може да оди во Европа. Со вашата работа и со работата на вашата влада, далеку сте од вредностите на кои треба да ги поседувате за да го одиме овој пат. Граѓаните знаат што е ЕУ и НАТО , знаат какви придобвки ќе има државата од ЕУ и НАТО. Затоа сите граѓани подржуваат и сакаат членство во Македонија во ЕУ и НАТО.

Тоа се гледа во сите анкети во изминативе 20 години.

Сите граѓани и политички партии подржуваат интеграција во ЕУ и НАТО. Граѓаните не ги подржуваат криминалите на оваа Влада, лагите и манипулациите, тендерите и матните зделки.

Реалното судство, силното здравство, мотивираните земјоделци што смело ги нудевте во предизборната кампања не ги остваривте.

После една и половина година владеење покажавте дека ништо од ветеното не исполнивте. Секојдневно ве следат гафови и скандали а вашите олигарси само си го зголемуваат контото со нови тендери, а за народот ништо.

Гостивар тоне во сиромаштија. Младите секојдневно ја напуштаат државата барајќи светла иднина без корупција и силно понижување. Партиските послушници и непотизмот се на цена, така во Европа не се оди. Вие не работите европски. Во вашата работа нема европски вредности и затоа немате поддршка од граѓаните.

Почитувани сограѓани,

ВМРО-ДПМНЕ било и е за европска Македонија, Македонија во ЕУ и НАТО. За подобра и перспективна Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е против капитуланскиот договор со Грција.

ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати договор со кој се менува: име, идентитет, историја и традиција.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.