Сабота, 08 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Да им помогнеме за да не направат нов срам - знамето на Германија
alt

СДСМ да внимава повторно да не ја посрамоти Македонија

Кога станува збор за работа и за одбрана на државните интереси, Зоран Заев и неговиот криминален картел се целосно неспособна.

Кога станува збор за криминал, наместени тендери, лиценци и стипендии, злосторничкото здружение околу Заев е светски шампион.

Доказ за тоа е што успеаја да го утнат и австриското знаме при посетата на канцеларот Себастијан Курц, а не промашија ни буква кога во итна постапка на ден пред избори требаше да и префрлат 40.000 долари на ќерката на министерот Никола Димитров. Тате може да промаши со знамето ама не може да го промаши рокот за да обезбеди стипендија за ќерката. Ако може на Лазе Велковски ќерката да си се вози со службен џип до грчките плажи, ќерката на министерот заслужува многу повеќе.

Ја посрамотија Македонија со истакнување на летонското наместо австриското знаме, но не згрешија кога на советниците на Заев и нивните блиски им делеа пари за криминалните иновации.

Заев не издржа во колнењето и во дедовците и во внуците дека нема нормален човек што ќе го сменел уставното име, но затоа Кочо Анѓушев е главна звезда по грчките медиуми со неговиот успех да инкасира 5 милиони евра од грчкото електростопанство кое тоне во долгови. Заев прифати промена на идентитетот, а Анѓушев си нареди десетици тендери.

Секојдневниот грабеж и секојдневните порази и срам што и го нанесуваат на Македонија се обидуваат да ги покријат со штетниот и капитуланскиот договор.

Граѓаните гледаат дека со овој договор не само што се менува името туку се загрозува јазикот и идентитетот.

Ова антидржавно однесување на СДСМ мора да престане. Зоран Заев мора да си замине. Само така Македонија ќе победи.

За да не направат нов срам и за да не ни се потсмева регионот и Европа, ВМРО ДПМНЕ сака да и помогне на владата да направи огромен дипломатски успех и да го погоди германското знаме при посетата на канцеларката Ангела Меркел. Затоа во прилог го испраќаме знамето кое би требало да биде истакнато.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.