|
||||
Манојил(Мане)Јаковлески: НЕ СУМ ДАЛ ПОДРШКА ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ |
Сакам јавно да го демантирам текстот објавен од страна на порталот ako.mkhttps://ako.mk/%D0%BE% каде на почетокот стои моето име како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ кој дава подршка на претстојниот референдум Јас не сум помеѓу потпишаните на ова писмо, туку моето име е само уфрлено во текстот на самиот почеток и затоа барам од порталот да го корегира текстот така што ќе го избрише моето име. Веќе подолг период како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ јавно го истакнувам својот став за бојкот на претстојниот референдум, како единствен спас за зачувување на македонската нација и идентитет. Речиси половина век од мојот живот го посветив на македонската кауза и создавање на независна македонска држава со свој идентитет, јазик и институции. Многу пати сме читале во историјта колку македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но сепак секогаш станувала цврсто на нозе! Додека сум жив и додека ме држи здравиот разум, никогаш и по никоја цена нема да поддржам било што, што може да и наштети на нашата држава и нација. Бојкотирам Референдум! |