|
||||
Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања |
СКАНДАЛ: „Заборавате дека во МВР работев и дека ве прислушкувам“ – градоначалник од СДСМ со закани кон вработените (ВИДЕО)Во пресрет на референдумот кој ќе се одржи на 30-ти месецов, граданочалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат. Економски Лидер стигна до ексклузивно видео од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања. -Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето, пренесе Лидер Ваквата закана на на Стојановска отвора простор за тоа дека МВР незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството. Со оглед на тоа што се работи за период пред референдумот, ова може да се протолкува и како притисок, што според кривичниот закон е класифицирано како тешко кривично дело. Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Петходно работел во Министерството за внатрешни работи. За скандалот да биде уште поголем, како што можете да погледнете на видеото, градоначалникот на СДСМ се дере и се заканува, во присуство на мали деца. Прашањето кое сега се поставува е: Дали органите на прогонот ќе покренат истрага за незаконско следење на комункациите, како што СЈО покренуваше врз база на телефонски разгор? |