Недела, 09 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Апел до сите граѓани да не веруваат во лагите кои што се презентирани и кажувани од Заев и СДСМ
alt

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Заев бега да се произнесе за губењето на идентитетот преку договорот со Грција

Како дел од теренските посети кои што веќе некој приод ги имаме во целата држава, денес сме овде во Берово каде што во разговор со граѓаните се обидуваме да ги објасниме штетните последици од штетниот, односно капитулантскиот договор. Гледаме дека преку кампањата што ја спонзорираат и финансираат со државни пари сакаат да прикажат дека патот во Европската Унија и НАТО се единственото нешто кое што се случува во овој момент. Што е апсолутно неточно, бидејќи единствено нешто што во овој момент губиме како држава и како нација тоа е нашето име, името на државата, меѓутоа и идентитетот. Во неколку наврати го повикувавме Премиерот Заев да одговори на неколку прашања кој што вешто ги избегнува. Кои што пред се се однесуваат на губењето на институционалниот идентитет и со фамозниот член 8 каде што е предвидено да се формира комисија од македонската и од грчката страна на кои во целиот оно процес на преговори со ЕУ им се дава право или една кочница да можат во било кој момент да покренуваат нови проблеми за нашата држава.

Меѓутоа она што е по евидентно при разговор со граѓаните овде во Берово а исто така одиме и во Пехчево ќе имаме прилика и таму да поразговараме со луѓето, е дека и покрај ова што се случува со референдумот и со името на државата дека сакат да го истакнат соочувањето со секојдневните проблеми. Речиси секаде овде низ Берово каде што имавме прилика да поразговараме се споменува темата со проблемот со откупот на сливи.

Од информациите кои што ги добиваме повеќе од 20 илјади тони на слива нема пласман, и рекордно можеби најниска цена помеѓу 4 и 5 денари. Меѓутоа исто така она што е евидентно ветуваа „Живот за сите“ ветуваа дека ќе ги вратат младите, дека ќе го сопрат иселувањето. Меѓутоа имаме прилика да се увериме дека Берово е еден празен град, каде што и тоа како особено во последниот период продолжува иселувањето. Она што можам да го кажам е дека интензитетот се зголемува и од информациите кои што ги добиваме 16 семејства се иселени во последните две недели.

Сакаме уште еднаш да упатиме апел до сите граѓани да не веруваат во лагите кои што се презентирани и кажувани од Заев и СДСМ. Да земат да го прочитаат и да го разгледаат договорот и да се уверат дека се што зборуваме е дена навистина станува збор за капитулантски договор кој што не треба да се поддржи.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.