Вторник, 11 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Орце Ѓорѓиевски - Референдумот е димна завеса за затскривање на криминалите кои ги прави СДСМ
alt

Интегрален текст од изјава на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Референдумот е димна завеса за затскривање на криминалите кои ги прави СДСМ

Претставници на медиумите, почитувани граѓани на Република Македонија. Денеска заедно со мојот тим сме во Кривогаштани од каде што теренските посети ќе ги продолжиме за Крушево.

Од она што можеме да го чуеме кај нашиот народ, јасно и евидентно може да се заклучи која беше причината на СДСМ и Зоран Заев ваков тип на прашање да постават за референдум. Односно вакво сложено прашање кое што содржи три елементи во себе. Знаеме и самите дека според Уставот на Република Македонија, прашањето за референдум мора да е еднозначно и да биде јасно дефинирано.

Ние имаме сложено прашање, а причината за сложеното прашање можеме да ја најдеме кај самиот наш македонски народ, откако ќе ги запрашаме во дискусиите со нив. Значи тие категорично го негодуваат овој договор, не го прифаќаат и не се согласуваат по однос на истиот.

alt

Знаеме и самите дека под завесата димна, која што ја фрла СДСМ и нивната влада со овој Договор, стојат други работи во позадина, стојат криминалите кои што секојдневно ги прават, стојат плаќањето на школување на децата на министрите во странство, стојат заканувањата на актуелните градоначалници ширум Република Македонија, но ние како народ мораме да издржиме и мораме да се спротивставиме на ова зло кое што се случува моментално во Република Македонија.

Освен овие прашања кои што се поврзани директно со референдумот и прашањето како такво за референдумот, ние разговаравме и за актуелната економска состојба и за оние проблеми кои исто така не помалку од прашањето за референдумот ги тиштат нашите сограѓани.

alt

Гледаме дека се сочуваме со катастрофа во земјоделието. Имаме 0% пораст на БДП, има нула инвестиции во Република Македонија.

Гледаме дека буквално државата ни стагнира на секое ниво. Ова мораме заеднички со нашиот народ да го пребродиме, односно да се спротивставиме на овој режим кој што владее моментално во Република Македонија.

Да го победиме како таков и режимот и ова зло кое што е надвиснато над Република Македонија и само така како ВМРО-ДПМНЕ заедно со нашиот партнер, со граѓаните ќе можеме Република Македонија да ја вратиме во правилната насока.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.