Вторник, 11 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Полнењето кутии овој пат може да се толерира и од страна на Брисел

altНема Албанци за да гласаат на референдумот, но таму се ДУИ со “експертите” за пополнување на кутии!

Аналитичарот и писател Ким Мехмети, ја анализираше започнатата кампања за референдумот на 30 септември во Македонија. Тој смета дека иако нема Албанци за да гласаат не постои ризик за неуспех на референдумот, бидејќи таму е прозападниот претседател на ДУИ со неговите експерти за полнење на гласачките кутии!, пишува весникот на албански јазик Лајм. Мехмети изрази загриженост дека полнењето кутии како негативна појава, овој пат може да се толерира и од страна на Брисел.

“Сите државници на нашите “Албании“, живеат со стравот од неуспех на референдумот за промена на името на Македонија, и ги повикуваат Албанците во земјава да гласаат за македонско-грчкиот договор!

Дали е можно да бидат толку неинформирани и да не знаат дека албанската младина ја напушти Македонија и дека во оваа земја, живеат само толку Албанци колку што е бројот на неспособните за работат и гласачите на ДУИ?!

Па еве јас ви велам: не грижете се, бидејќи во Македонија нема Албанци за да гласаат, но таму е прозападниот претседател на ДУИ со неговите експерти за полнење на гласачките кутии!

Па дури и за прв пат, оваа “демократска” акција, која оваа партија ја применува со децении во континуитет за време на изборите, нема да им попречуваат ниту од Брисел! Затоа што можеби ние не станавме како цела Европа, но уште одамна ЕУ веќе стана како сите нас”, напиша Ким Мехмети, на својот Фејсбук профил.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.