|
||||
Договорот е разградување на националното битие |
Академик Радован Павловски: Националниот код не е бизнис, Договорот е разградување на националното битиеИако голем дел од академиците велат дека подобар договор со Грција не можело да се постигне, сепак има и такви кои се против него. За академик Радован Павловски Договорот од Преспа е разградување на националното битие. Според него, феномен е и тоа што сите светски велесили за една недела дојдоа во Скопје, да не фалат, да ни помагаат. „Кога станува збор за Северна Македонија тоа е преименување, прекрстување, промена на идентитетот, сега ќе почнеме да лутаме , потрага по изгубениот идентитет. А колективната мемеорија на која многу се верува е збир од индивидуалната меморија“, изјави Академик Радован Павловски. Тој порачува дека националниот код, нема врска со бизнисот и како што вели, политиката мора да ја симне својата маска на лицемерието. |