Среда, 12 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Заев има стратегија на ветување на се и сешто, секому и дома и во странство, во секое време

alt

Миленко Неделковски: ЖЕЛБОТЕКА

Политиката, дипломатијата, борбата за (пре)власт не се “желботека”. Особено не е така доколку политичарот, во случајот Мицкоски, сака да се разликува од лажгото и клептоман Заев.

Заев има стратегија на ветување на се и сешто, секому и дома и во странство, во секое време. Он е “желботека” кој ветува остварување на секоја и сечија желба. Но, во исто време, он однапред си знае дека ништо од ветеното нема да оствари. Он си има “лажење во најава”.

На оние што мислеа дека и Мицкоски е желботека политичар вчера не им се остварија очекувањата тој да им ја исполни желбата!

Не го кажа магичниот збор #бојкот. Но ја кажа многу поважната реченица дека тој и партијата му, договорот кој е предмет на референдумот не го признаваат.

Значи ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се ПРОТИВ ДОГОВОРОТ, па со самото тоа тој е за него (за нив) непостоечки и ништовен. Тој “договор” е нешто кое не вреди да се разгледува, значи и кое не вреди за него да (се излезе) да се гласа. Тој договор “СЕ КОСИ СО УСТАВОТ на Република Македонија, е ставот она Мицкоски и неговата партија. Затоа партијата е на страна на сите што се против овој договор”.

Ова е повикување на #бојкот без изговарање на тој збор. Членството на партијата доби јасен сигнал и порака. Сето тоа засилено со внатрепартиска активност на терен, гарантира НЕИЗЛЕГУВАЊЕ на членството на референдум, а со самото тоа пропаст на ѓаволскиот план за укинување на Македонија и нејзиниот народ.

Доколку пак, на 30-ти има таен повик за излегување во доцнежните попладневни часови, како што тоа го направи Н. Груевски за да му обезбеди претседателски цензус на Бранко Црвенковски 2004-та, тогаш и Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ жестоко ќе бидат казнети на следите парламентарни избори.

Ако веќе се бара слаба страна на вчерашниот прес на Мицкоски, според мене, тоа е зборот “почитуван(иот)” кога му се обраќа на Заев за да го предизвика на ТВ дуел.

Ако е, а е, Заев лажго и лопов, како што во текот на прес конференцијата Мицкоски го оквалификува, тогаш зборот “почитуван” апсолутно не лежи пред неговото име и функција (која исто така е нелегална).

А ако веќе се бара анализа на состојбата во самата партија, синоќешната полноќна прес конференција ми покажа две работи:

1. Од трите потпредседатели, едниот го немаше, а другиот беше турнат на страна до басамаците. Само Кендо си беше таму каде што му личи на еден потпредседател.

2. Партијата постапи онака како што предходно, додека сеуште се чекаше на прес конференцијата, за медиумите изјави Тони Шанац, а не како што за истите медиуми и во исто време изјави “Бејли реформаторот” Богданов. Доколку синојка имало “мини Панорама” во зградата на партијата, очигледно е дека победила здравата струја.

Дудинка.мк

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.