|
||||
Уставниот суд да изрече времена мерка стопирање на сите активности за референдумот |
Судијката Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка стопирање на сите активности за референдумотСудијката Елена Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка – стопирање на сите активности за одржување и спроведување на референдумот, дознава „Макфакс“ од извори во судот. Според истите извори, Гошева е судија известител за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување референдум и таа во изготвениот реферат предлага Судот да поведе постапка. Седницата на која ќе се разгледува оваа иницијатива е закажана за в среда. До судот се стигнати две иницијативи, едната од Левица, а другата од Светски македонски конгрес. Партијата Левица поднесе иницијатива во која смета дека распишувањето на референдумот е спротивно на Уставот. Според Левица, Одлуката за референдумот е противуставна и спротивна на Законот за референдум бидејќи, овој документ ги нема сите делови што треба да ги има, се работи за манипулативно и повеќезначно прашање и трето, дека референдумот се однесува и на сојузништвото со Европската унија што подлежи под други правила за одлучување. |