|
||||
И Заев,Шеќеринска и Димитров се #Бојкотирам и на 30-ти ќе прават ајвар! |
Александар Пандов И Заев,Шеќеринска и Димитров се #Бојкотирам и на 30-ти ќе прават ајвар! Значи дефинитивно донесовте одлука да бегате од судот на народот! Уцвикавте при толку “булдужери”, пари и сила. Џабе пропаганда, реклами, спотови, запалки и што ти уште се не. Само го раскаравте народот. Што викаат анкетите? Дебакл, катастрофа, ма дали е можно, а? Можно е, при толку бесмилосно крадење и расфрлање со народни пари, можно е кога ги гледаме македонските херои секојдневно во судници, а терористи и дилери секојдневно се пуштаат од затворите! И најважното, вие барате од народот сам, со вашите глупави пенкалца да си го избрише својот идентитет и своето постоење! Начинот кој сте го одбрале да преку уставниот суд избегате од гласот на народот, верувајте ми само полошо си правите, но вие си знаете. #Бојкотирам ПОБЕДИ Македонија ПОБЕДИ |