|
||||
Според етничката припадност на референдумот 33,5 отсто од Македонците ќе заокружат „за“,66,5 против |
Етничката припадност во однос на тоа како ќе се гласа на референдумот закажан за 30 септември и натаму е многу изразена - мнозинството Македонци се против Договорот со Грција за промена на името, а кај Албанците тој процент и во однос на договорот и членството во НАТО и ЕУ е многу поубедлив, над 90 отсто. Се зголемува бројот на граѓаните кои се одлучиле за бојкот. Во однос на референдумското прашање „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“, анкетата на МКД.мк и на агенцијата „Маркет вижн“ покажа дека 51,1 отсто од анкетираните граѓани имаат позитивен став, а 48,9 отсто од 1.200 испитаници одговориле „не/против“. Од тие 51,1 отсто, 10,2 отсто сѐ уште не знаат дали ќе гласаат, а на гласање со глас „за“ ќе излезат 40,3 отсто. Според етничката припадност на референдумот 33,5 отсто од Македонците ќе заокружат „за“, а 66,5 отсто се „против“. Кај Албанците 95 отсто се „за“, а 5 отсто се „против“. Истражувањето кое за МКД.мк го реализираше агенцијата „Маркет вижн“ беше спроведено телефонски од 29 август до 4 септември на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници од целата земја. Дали го поддржувате Договорот со Грција за промена на името Република Македонија, беше второто прашање на анкетата. Со „да“ одговориле 47,4 отсто од испитаниците, 52,6 отсто не се согласуваат со потпишаното во договорот. И тука етничката припадност дава голема разлика во одговорите - 93,7 отсто од Албанците немаат никаков проблем со Договорот со Грција, а кај Македоните дури 71 отсо се против договорот. Во однос на излезноста на референдумот на 30 септември (Дали ќе излезете на гласање или ќе го бојкотирате референдумот за промена на името и членство во ЕУ и НАТО?), бројот на оние кои се определиле за бојкот е во пораст - 25,25 отсто. На гласање би излегле 48 отсто од испитаниците. „Сѐ уште не знам“ одговориле 26,85%. Кај Македонците процентот за бојкот е 35,3% (20,8 отсто сѐ уште не одлучиле), кај Албанците 3%, (сѐ уште не одлучиле 40,1 отсто од албанскиот дел од испитаниците). На гласање ќе излезат 43,9 отсто од Македонците и 57 % од Албанците. Дали сте за членство на Македонија во НАТО? Високи проценти - 77,3 отсто од испитаниците одговорија со „да“, а 18,8 одговорија со „не“. На ова прашање и етничката припадност не дава толку голема разлика како кај претходните прашања - за членство во НАТО се 70,6 отсто од Македонците и 95,4 отсто од Албанците. На минатото истражување (април 2018) големо мнозинство од Македонците беа против промена на името и Уставот како услов за членство во НАТО. Мнозинството македонски граѓани се против членството во НАТО со променето име и се против измени во Уставот ако е тоа дел од пакетот за промена на името. Резултатите во април покажаа дека 20,4 од испитаниците се против какво било членство на Македонија во НАТО, дури тоа да биде и под уставното име. За таквата можност, членство под уставното име се 79,6 отсто од испитаниците, покажаа резултатите од април. И на прашањето за тоа дали сте за членство на Македонија во ЕУ, 81,3 отсто од испитаниците одговориле позитивно, а негативен одговор дале само 15 %. И тука, и кај Македонците и кај Албанците висок е процентот за членството во ЕУ на Македонија - 95% кај Албанците и 76,4 отсто кај Македонците (19,7% се против, а кај Албанците 2,6 % се против). Дали ја поддржувате идејата Македонија да не поддржува и да не членува во ниту еден воен сојуз, односно да биде неутрална? Со „да“ одговориле 29,3 отсто од испитаниците, 54,8 отсто од нив одговориле со „не“, а уште не знаат 15,9 отсто од нив. Или кај Македонците оваа идеја ја поддржуваат 36,8 отсто од испитаниците, а кај Албанците 13,2. Против оваа идеја се 48,4 отсто кај Македонците и 67,9 отсто кај Албанците. На ова истражување од 1.200 испитаници, 64,2% беа Македонци, 25,2% Албанци, 2,4% Турци, 3,5% Роми, 1,9% Срби... |