|
||||
ДОКУМЕНТАРНАТА СЕРИЈА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ! |
Како одговор на анти-македонските провокации што деновиве се пласираат од страна на искомкплексирани новинари и домашни квислизни и предавници, според кои античките Македонци биле Грци, а ние не сме имале никаква врска со нив, почнувајќи од 15 септември, на нациналната ТВ Сонце, почна емитувањето на документарната серија „Античките Македонци не биле Грци“. Оваа серија во оригинал е снимена на англиски јазик, но недамна е титливана и на македонски, па како таква ќе биде емитувана преку ТВ Сонце. Автор на серијата е Александар Донски, а продуцент и ко-продуценти се Џим Стефан, Горан Котев и Андрија Петревски. Титлувањето на македонски е реализирано со помош и поддршка од Македонската глобална координативна мрежа од Канада со основачот Боне (Боби) Темелков. Во оваа серија во 40 епизоди се претставени сведоштва од над ПЕДЕСЕТ антички автори кои сосема јасно тврделе дека античките Македонци не биле никакви Грци! И не случајно грчките шовинисти безуспешно се обидоа да отстранат некои епизоди од серијата која на англиски е поставена на Јутуб. Сега, преведена и титлувана на македонски јазик, серијата за прв пат ќе биде прикажана и пред македонската јавност во Република Македонија и дијаспората. Секој ден ќе се емитува по една епизода на ТВ СОНЦЕ, и тоа четирпати во текот на едно денониќие (со почеток во 17.40 часот, 19.45 часот и 22.25 часот. Репризи за американскиот континент ќе има пред вестите помеѓу 02.30 и 03.00 часот). Александар Донски |