Среда, 19 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Бојкот на референдумот – македонска победа
alt

Бојкот на референдумот – македонска победа

Ајде да не се лажеме: и сега сме дел од НАТО, но нашето име е Република Македонија, а не Република Северна Македонија. И сега сме стратегиски партнер на САД, но нашето име е Република Македонија, а не Република Северна Македонија. И сега сме европска Македонија, дел од пазарот на ЕУ, но нашето име е Република Македонија, а не Република Северна Македонија. Со вештачки создадениот „спор“ за името на Р Македонија, од страна на Р Грција, Р Македонија, иако членка на ОН, е поставена како предмет на пазарење помеѓу Грција, со НАТО, САД и ЕУ – АКО Е ТОА МОЖНО! Затоа, челниците на тие земји во толкав голем број доаѓаат кај нас со единствена порака: „Излезете и гласајте на референдумот на 30 септември 2018 год.“. Со тоа ќе заврши пазарењето. Р Македонија ќе се избрише како држава, а Македонците како народ!

Не е точно дека Р Македонија нема и други економски и воени алтернативи. Ние од осамостојувањето го искажавме првенството на нашиот стремеж кон НАТО и ЕУ, но веќе 27 години сме во нивните чекалници, понижени и обесправени, а сега сакаат, како обезличена држава и народ, да бидеме предмет за пазарење и задоволување туѓи интереси. Ни наметнуваат заблуда за безалтернативност. Ни се закануваат, ни говорат идилични „славопојки “. Се мешаат во внатрешните работи на суверена земја, велејќи дека се демократски земји и ја ширеле демократијата, како врвен принцип, и во Р Македонија! Тоа е цинизам. Со тоа, со специјална војна, тие газат врз Р Македонија ја обезличуваат и вршат геноцид врз Македонците за да го завршат пазарењето, кое е само од нивни интерес!

Искуството нѐ учи за можните изборни и референдумски манипулации. Со бојкот на референдумот, со неисполнување на цензусот, им се одзема (во голем мера) можноста на надворешните и на внатрешните актери да манипулираат со референдумските податоци и изјаснувања. Затоа сугерираат, се закануваат да се излезе на референдум. „Резултатите“ лесно ќе ги сределе и наместеле за да бидат „позитивни“. Со бојкот тешко ќе можат да го фалсификуваат цензусот, да ги фалсификуваат потписите на 100-300.000 граѓани во избирачките книги!

Власта со недели се заканува, ако референдумот не биде успешен, легализацијата на спогодбата со Грција ќе ја извршеле државните институции. Тоа Уставот не го дозволува! Пратениците го немаат добиено мандатот за да извршат преименување на државата. Тоа ќе биде голема измама и можна иницијална капсула за народни немири, насилства, крвопролевање… Актерите на таквото велепредавство ќе бидат казнети од народот и фрлени на ѓубриштето на историјата. Тие биле избрани, и дале заклетва пред Уставот, дека ќе ја чуваат и ќе работат за доброто на државата – Република Македонија. Македонија е заедничка држава на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите и др. Македонија е заедничка партија и за ВМРО-ДПМНЕ, и за СДСМ, и за ДУИ и за сите други политички партии и здруженија. Тоа не е идеализам, тоа е реална потреба во овој историски момент за опстојбата.

Ја препрочитувам спогодбата од Нивици помеѓу Р Грција и „втората страна“ (Р Македонија); ја препрочитувам Привремената спогодба потпишана во Њујорк; ја коментирам хашката пресуда; го препрочитувам Уставот на Р Македонија од 2001 и од 1991 год. и со тоа, без дилеми, го градам својот став за референдумот. Бојкотот е одговор на неуставноста и на незаконитоста на спогодбата и на референдумот. Прикаски и лаги се пропагандите на власта и на надворешните нејзини поддржувачи, дека со спогодбата не се менуваат името на Македонија, македонскиот јазик и идентитет, историја, култура… Спогодбата јасно го потврдува тоа, а и челните личности на Грција го потврдуваат тоа, како и медијаторот Метју Нимиц. Со правосилноста на спогодбата, веќе ќе нема слободна интерпретација (во пропагандни цели), а ќе се применува словото на спогодбата по толкувањето на Грција. Тоа ќе биде услов и препрека за секој наш чекор кон членството во НАТО и во ЕУ, а тоа ќе биде сурово и уништувачко.

д-р Драган Попоски, лекар во пензија

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/pisma/%d0%

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.