|
||||
Панчевски: Не секој ја има честа да биде херој на своето време! |
Панчевски: Не секој ја има честа да биде херој на своето време!Судијата Владимир Панчевски, по денешниот распит во Обвинителството како осомничен за местење на предмети кај судии, односно поради злоупотреба на АКМИС системот, по кратката изјава дадена за медиумите, подоцна и на социјалната мрежа фејсбук даде коментар за истрагата која се води против него. -Драги пријатели распитот на обвинителот од Основното јавно обвинителство за мене како осомничен заврши! Нека им биде со среќа и со лесно одлуката чиј исход е секако јасен и предвидлив. Драги пријатели ве поздравувам и ви благодарам на поддршката што ми ја давате, не секој ја има честа да биде херој на своето време, се гордеам со се што сум направил за унапредување на работата на Кривичниот суд од декември 2012 до декември 2016 година, можат да ми судат да ме затвараат, да конструираат лажни сведоци и да измислуваат последици, вистината е друга! Еден ден се тоа ќе заврши а ним им останува срамот, а мене борбата која нема да биде лесна бидејќи со лаги и местенки е тешко да се бориш. Поздрав браќа и сестри останувам рамо до рамо со вас, за мене да ме скршат многу ќе треба да се намачат, па дури и тогаш нема да успеат!, напиша судијата Панчевски на фејсбук. https://fokus.mk/panchevski-ne-sekoj-ja-ima-chesta-da-bide-heroj-na-svoeto-vreme/ |