|
||||
Во кампањата е вклучен дипломатскиот персонал на Канцеларијата на ЕУ и амбасадите на САД, Британија, |
СКАНДАЛ: Државната изборна комисија (ДИК) се прогласи ненадлежна по прашањето на заштита на избирачкото право од неовластени странски лица во кампања за референдумот за промена на името. Во кампањата е вклучен дипломатскиот персонал на Канцеларијата на Европската Унија и амбасадите на САД, Велика Британија и Германија, меѓу другите. Во јавната пропаганда за референдумот е вклучена и британската компанија “Стратагем интернешнл“ , чија сметка ја плаќа амбасадата на Велика Британија. Такво однесување на странски физички и правни лица е грубо мешање во внатрешните работи на Македонија, и се коси со домашното и меѓународното право. Член 70 став 3 од Изборниот законик на Република Македонија: "Забрането е странски правни и физички лица да организираат јавна кампања". Член 41 став 1 од Виенската конвенција за дипломатските односи од 1961 година: "Во вршењето на должноста, дипломатскиот персонал мора да ги почитува Уставот и законите и не смее да се меша во внатрешните работи на земјата домаќин". Светскиот Македонски Конгрес поднесе кривични пријави до сите членови на ДИК бидејќи презедоа надлежност на Собранието и самите донесоа Правилник за подготовка, организирање и спроведување на референдумот на 30 септември. |