|
||||
Ако тоа не е мешање во внатрешните работи, тогаш не знам што може да се нарече мешање |
Лавров: Русија не се меша за референдумот во Македонија за разлика од западните лидериРусија не агитира за едната или другата опција при гласањето на претстојниот референдум за името, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. „Ве повикувам да видите на социјалните мрежи, интернетот, медиумите и да забележите што говори Русија по повод референдумот за името. Ние не велиме нешто што би можело да се протолкува како агитација при гласањето на еден или друг начин“, изјави Лавров за време на прес-конференцијата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како одговор на прашањето дали Русија влијае врз состојбите на Балканот. Рускиот министер за надворешни работи истовремено повика да се обрне внимание на бројот на гости од Западот, кои месецов ја посетија Македонија. „Тоа се лидери на голем број европски земји, претставници на раководството на САД“, рече тој и заклучи дека западните официјални претставници во своите изјави во Скопје не се плашат да заземат страна за референдумот во полза на договорот за името. „Ако тоа не е мешање во внатрешните работи, тогаш не знам што може да се нарече мешање“, додаде Лавров. Министерот за надворешни работи на Русија денеска престојуваше во Босна и Херцеговина, каде што оствари средби со претставниците на институциите на БиХ и со официјални лица во Република Српска. https://makfax.com.mk/makedonija/%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d1%80%d0%be%d0%b2-%d1%80%d1%83%d1%81%d0%b8 |