|
||||
И сега европјани и натовчани од СДС, до кај сте со кампањата за Европска и НАТО Македонија? |
ДИК ги расчисти дилемите-Овој референдум НЕ Е ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!ДИК им ги расчисти дилемите на граѓаните! Овој референдум НЕ Е ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ! За НАТО, Собранието има донесено одлука во 1993 година и за зачленување во оваа меѓународна организација НЕ Е ПОТРЕБЕН РЕФЕРЕНДУМ согласно Уставот! “Кога ќе завршат преговорите по поглавјата за пристап во ЕУ ќе се организира нов задолжителен референдум-рекоа од ДИК”. И сега европјани и натовчани од СДС, до кај сте со кампањата за Европска и НАТО Македонија? РЕФЕРЕНДУМОТ Е ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ИСТОРИЈА И СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАМЕ! За овој референдум да се смета за успешен потребни се 2 услови: Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК. На новинарско прашања дали има разлика во условите кои треба да се исполнат кога референдумот е обврзувачки, од ДИК посочуваат дека има разлика, а тоа зависи за што се распишува. Кога има задолжителен референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација. Во иднина, посочуваат, кога ќе ги завршиме разговорите по поглавјата за пристап во ЕУ повторно ќе мора да организираме референдум за членство, тогаш би бил задолжителен референдум со апсолутно мнозинство, а за НАТО веќе има донесено одлука Собранието во 1993 година. Потврдија дека молкот пред референдумот е 48 часа. Приемот на материјалите ќе биде во просториите на ДИК. Резулатите за излезноста, на денот на референдумот, ќе бидат соопштувани шест пати. Во ДИК очекуваат во иднина да се усогласат Законот за референдум и Изборниот законик. Нагласуваат дека тие не можат да кажат дали референдумот ќе биде успешен или не, туку ДИК, велат, ги соопштува резултатите и од гледна точка на техничкиот аспект. http://media24.mk/2018/09/21/%D0%B4%D0%B8%D0%BA-%D0%B3%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%87%D0%B8%D1 |