Сабота, 22 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Закани и притисоци кон јавната администрација и приватниот сектор пред референдумот

Владев: Закани и притисоци кон јавната администрација и приватниот сектор во Свети Николе пред референдумот за промена на иметоВладев: Закани и притисоци кон јавната администрација и приватниот сектор во Свети Николе пред референдумот за промена на името

 

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе обвинуваат дека притисоците пред референдумот за промена на името се огромни а посебно притисокот се чувствува кај вработените во јавната администрација и локалната самоуправа.

-Директорите на средното, основните училишта и детската градинка во Свети Николе во разговори на само со вработените, отворено им наложувале да излезат и гласаат за претстојниот референдум, отворено заканувајќи им се намалување на бројот на часови и бркање од работа доколку останат дома и не гласаат. Според нашите информации случајот не е изолиран, а обидите за заплашување и уцена на гласачите се случуваат и во другите државни институции, а посебно кај вработените во општина Свети Николе. Под притисок е не само јавната администрација туку и приватниот сектор, односно малите дуќанџии и земјоделците на кои им се закануваат со нарачани инспекции и неисплаќање на земјоделските субвенции. Ова се однесува и за вработените во приватните фирми чии газди откако Зоран Заев јавно повика да ги поткупуваат своите вработени за да излезат на 30-ти септември се врши голем притисок и врз нив, изјави Дејан Владев од ОК Свети Николе.

Тој ги повика надлежните државни институции да ги преземат нивните законски овластувања, како би ги заштитиле вработените од отворениот политички мобинг од страна на директорите.

-За жал овој пример за предизборни нерегуларности не го забележуваат ниту надлежните набљудувачи од ОБСЕ, ОДИХР и не преземаат соодветни мерки овие уцени и заплашувања да ги евидентираат во нивните извештаи. Македонскиот народ е мудар и нема да потклекне на овие уцени и заплашувања. Македонија ќе победи, порача Владев.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/vladev-zakani-i-pritisoci-kon-javnata-administracija-i-privatniot-sektor-vo-sveti-nikole-pred-referendumot-za-promena-na-imeto/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.