|
||||
Спасовски нека почне да апси – од себе |
Спасовски нека почне да апси – од себе!Секоја активност, дури и тие на интернет, кои се насочени кон негласање на претстојниот референдум ќе бидат санкционирани, се закани миннистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Полициска држава на дело и по грбот на сите граѓани кои повикуваат на бојкот на референдумот. -Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на правото на глас ќе биде санкциониран, рече министерот Спасовски. Индикативно е што министерот и во оваа изјава, но и во целото излагање, повеќе пати ја истакна заканата кон интернет активистите кои повикуваат на негласање. Од европски вредности и европска демократија за какви што зборува Спасовски, не само што нема да добиеме ниту Е, туку власта си дозволи најбезобразно, преку министерот за внатрешни работи да спроведе тиранија. Министерот кој активно учествува во кампањата за референдумот и повикува да се гласа ЗА, штотуку постапи од позиција на сила и наместо со аргументи на противниците им се закани со полиција. Бојкотот е демократско право на граѓаните да не излезат на гласање, исто колку што е демократски да се излезе на гласање. Ќе ги затвора ли полицијата сите кои повикуваат да се излезе на гласање, на чело со Зоран Заев, Радмила Шекеринска, самиот Оливер Спасовски, Никола Димитров, зашто ги пошречуваат граѓаните кои решиле да не излезат на гласање да го остварат своето право и да не гласаат? И нека апси, нека почне од себе – зашто како член на Владата, заедно со целата Влада на чело со премиерот Зоран Заев незаконски ја започна камапањата цел месец пред тоа да го стори предлагачот, Собранието на Република Македонија, зашто заедно со целата влада на чело со премиерот Зоран Заев врши уцени, заплашување и притисоци да се излезе на гласање. Во оваа насока треба да реагира и ДИК и да поведе соодветна постапка. |