|
||||
Ексклузивно: Новата Преамбула на Република Северна Македонија |
Фото/Текст извор: ©online/магазин.мкЕксклузивно: Новата Преамбула на Република Северна Македонијамагазин.мк дојде до предлог текстот на новата Преамбула на новиот Устав на Република Северна Македонија во која се потврдува сомнежот дека се негира постоењето на Македонската нација во историскиот континуитет.Според текстот од новата Преамбула, која веќе има одобрение за имплементирање и кај Грција но и од Владата на СДСМ и ДУИ, се брише во целост историскиот осврт на Македонската борба за независна и самостојна држава, како и државотворните, фундаментални одлуки на АСНОМ. Во новата Преамбула на Република Северна Македонија, државата ја сочинуваат Македонскиот и Албанскиот народ како рамноправни, а се брише и сувереноста додека се додава концептот на граѓанска и демократска држава. Имено ова е содржината на актуелната Преамбула на Уставот на Република Македонија: Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Македонија. Новиот текст на идната Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија ќе гласи: Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање граѓанска и демократска држава, одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и антифашистичката Народно ослободителна борба, како и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, граѓанска држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Северна Македонија. Според предлог текстот на анексот 1 од Спогодбата со Грција, од преамбулата на новиот устав на Република Северна Македонија се брише АСНОМ. Меморандумот со кој во јануари 1993 година, тогашниот грчки министер за надворешни работи Папаконстантину упатува писмо до генералниот секретар на ООН во кое бара да се одбие барањето на Република Македонија за прием во ООН, бидејќи се работи за држава која е основана со одлуките на АСНОМ, а кои одлуки грчката држава во континуитет ги оспорува и негира.
Имено досегашниот текст “во согласност со … одлуките на АСНОМ” би се сменил и би гласел “во согласност со антифашистичката Народно-ослободителна борба”, со што за прв пат државно-правните одлуки на АСНОМ, кои се темел на македонската држава, ќе бидат изоставени. Со ваквата измена се поништува уставно-правниот континуитет на Република Македонија и се влегува во период на една новосоздадена држава Република Северна Македонија, која има некаква традиција, борби, движења и историски настани, но нема свој правно-државен континуитет на кој може да се повика. Овој грчки предлог за бришењее на АСНОМ од преамбулата на Уставот бил прифатен од страна на премиерот Заев и министерот Димитров, по силно инсистирање на грчката страна, која пак останала доследна на своите барања од 1993 година. Имено, доколку внимателно се следи грчката дипломатија ќе се забележи дека во Јануари 1993 година тогашниот грчки министер за надворешни работи Папаконстантину упатува писмо до генералниот секретар на ООН во кое бара да се одбие барањето на Република Македонија за прием во ООН, бидејќи се работи за држава која е основана со одлуките на АСНОМ, а кои одлуки грчката држава во континуитет ги оспорува и негира. Како и да е, доколку од преамбулата се избришат одлуките на АСНОМ, тоа ќе биде најсилниот антимакедонски удар кој од втората светска војна наваму и бил зададен на Република Македонија, а особено што таквиот потег директно ги разнишува уставно-правните темели на државата Република Македонија како правен субјект. https://www.magazin.mk/%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BA%D0%BB%D1%83%D0%B7 |