|
||||
Собирот на 27ми е намештаљка, им требаат инциденти! |
Ванковска: Внимавајте! Собирот на 27ми е намештаљка, им требаат инциденти! ВНИМАНИЕ!!! Овие се ФЕЈК! Не излегувајте!, пишува професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил за наводниот народен собир во името на #Бојкотирам најавен за 27ми септември пред Собранието на РМ.
На Бојкотирам не му требаат собири од ваков вид, вели Ванковска, организирани од сомнителни структури, а со намера да се исценираат инциденти. „Тоа е и денот кога Иванов ќе има историско обраќање во ООН. Ако наседнеме на овој собир и на удбашките структури кои стојат зад него, тие ќе успеат да создадат страв и одбивност кај мирните граѓани, а се’ со цел да се зголеми излезноста во недела! Кога би било ова автентично би излегла дури и под закана од употреба на полициска сила – но, ова не е тоа! Се служат со сите (не)дозволени средства, затоа ВНИМАВАЈТЕ! Бојкотирам е легален и легитимен, ненасилен облик на граѓански отпор, и затоа треба да се чува подалеку од Тројански коњи со руски знамиња, со качулки, со запаллива реторика и омраза кон Другиот. Тоа не сме НИЕ! Ние со нечинење ќе го постигнеме она што го заговараме!“ |