|
||||
Име на држава не се менува ни со 900 000 гласови |
Ефтов: Народот испрати порака дека е против промена на иметоНовинарот Васко Ефтов во завршната анализа во Отворено студио, коментирајќи го пресот и изјавата на Заев, смета дека Зоран Заев ни самиот не си верува на себе си. -Тој вечерва проба да направи манипулација, по ова прашање, како што прави изминативе 12 месеци. Прашањето е кога сме имале македонска и албанска коалиција во парламентарни избори? Сме имале на претседателски. Но Заев не ги споменува претседателските избори оти со тие бројки тој ќе покаже дека овој референдум е фијаско и е почеток на неговиот политички крај. На пример Киро Глигоров освои 78%. На претседателските избори на кои победи Иванов, кој СДСМ не го признава и го смета за нелегитимен, тој освои 535 000 гласови во вториот круг. А да не заборавиме и тогаш имаше бојкот. Ако Иванов не е легитимен, каков легитимитет има Заев со 600 000 гласови? Име на држава не се менува ни со 900 000 гласови. Овој референдум е фијаско и народот испрати порака дека е против промена на името и дека целиот процес треба да се преиспита, вели Ефтов. Република Online |