|
||||
Неуспехот на овој референдум е директна вина на Зоран Заев и владата |
Неуспехот на овој референдум е директна вина на Зоран Заев и владатаЗоран Заев и СДСМ се делегитимирани Политиките на Заев и владата паднаа. Македонија вчера, соопшти, дека договорот не поминува. Неуспехот на овој референдум е директна вина на Зоран Заев и владата и никој друг. Склучи штетен договор, ја лажеше меѓународната заедница дека договорот поминува, се обиде да ги прикрие сите криминални афери и преку брутална манипулација и кршење на законите и Уставот проба овој договор да помине кај граѓаните. И покрај сите закани, уцени, малтретирање на граѓаните и направените списоци договорот со Грција не доби зелено светло. Граѓаните, оние кои гласаа против договорот, и оние кои апстинираа испратија силна порака дека во Македонија живеат Македонци со македонски идентитет со свој јазик и дека никој нема право тоа да го менува. Народот, македонскиот народ, граѓаните Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, и останатите покажаа мудрост и не дозволија да бидат заведени. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е и ќе биде на страната на народот. Македонија вчера не гласаше само против договорот со Грција. Вчера се гласаше против криминалите на власта, наместените тендери, уништената економија, немањето на проекти во здравството, во образованието. Македонија гласаше против бизнисите на Вице на Анѓушев, и за сите неостварените ветувања. Исто така се гласаше и против криминалците кои ги пуштија на слобода токму пред референдумот. ЕУ и НАТО се стратешки приоритети за ВМРО-ДПМНЕ, но волјата на народот мора да се почитува. Манипулациите на власта и злоупотребите на референдумското прашање ги искривија вистинските вредности околу членството во овие две огранизации. Народот испрати порака и таа треба да се почитува од премиерот, владата, Собранието, сите партии и од сите пратеници, без разлика на која политичка партија припаѓаат. Луѓето кои денес не излегоа и кои гласаа против си ја сакаат Македонија, и сакаат да бидат дел од ЕУ и НАТО но се против договорот што го склучија Заев и Ципрас. Власта го изгуби легитимитетот и единствено што преостанува е да ја почитува волјата на народот. Политиката на владата и Зоран Заев доживеа дебакл. Македонија се изјасни против договорот. Македонија вечна!!! Македонија ќе победи!!! |