|
||||
Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да оди спротивно на волјата на народот! |
Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да оди спротивно на волјата на народот!Отприлика милион и 200 илјади граѓани со право на глас кои што одлучија, му кажаа на Зоран Заев и владата на СДСМ дека референдумот е неуспешен и оваа мнозинство и оваа волја на граѓани треба да ја почитува владата, парламентот и на сите пратеници, не станува тука збор за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тука е апсолутна јасна и чиста ситуацијата и нема дилеми. Tука станува збор за сите оние претставници во законодавниот дом без разлика на политичката припадност, волјата на граѓаните во една демократија е неприкосновена и тука нема и не смее да има простор за било какви импровизации, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување на ТВ Алфа во емисијата Отворено. Според Мицкоски, никој не може да оди против волјата на граѓаните и против народот, па дури ни Зоран Заев и неговите партиски пајташи. Додаде дека народот им дал црвен картон, а тој црвен картон ќе го потврдат и на следните парламентарни избори и ќе ги испрати во трајна политичка пензија, како што рече, заборавени длабоко во времето на транзицијата на Република Македонија. |