|
||||
ОМД го повикува Македонскиот Премиер Зоран Заев на оставка |
ОМД го повикува Македонскиот Премиер Зоран Заев на оставка Македонските гласачи се одзваа на референдум за промена на уставното име на Република Македонија во Северна Македонија. Излезеноста на гласачите беше помала од 37% од вкупниот број регистрирани гласачи на единствениот гласачки список, со што референдумот се карактеризира како невалиден според македонскиот устав. Според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) – водечкиот глас на македонците надвор од Македонија, неуспехот на референдумот се едначи на дебакл на владеачката коалиција предводена од Премиерот Зоран Заев, поради што ОМД повикува на итна и неотповиклива оставка на Премиерот Зоран Заев и Министерот за Надворешни Работи Никола Димитров. Референдумот не се однесуваше на волјата на македонскиот народ да се приклучи кон НАТО и ЕУ, туку напротив, референдумот се однесуваше на отпорот на народот да го промени името на својата земја со цел интеграција во ЕУ и НАТО. ЕУ и НАТО се организации во кои владеат принципи на демократија и право на самоопределување. Следствено, условеноста на Македонија да го промени своето име во евро-атлантската заедница, се противи на основните принципи на ЕУ и НАТО. Улогата на Русија која од историски аспект е во интерес на географската поделба на Македонија, не остава простор за нејзина интерпетација на „жртвено јагне“ во борбата на македоскиот народ за негово признавање. Подолго од еден век трае борбата на македонскиот народ за своето право на самоопределување, со прогласување државност во 1944 година и суверена независност во 1991 година со која се стекна по пат на референдум. Воедно, ОМД го поздравува говорот на Претседателот Ѓорѓе Иванов во Обединетите Нации во која прилика остро го критукува Преспанскиот Договор. Договорот и дава неограничена моќ на Грција да се меша во македонските внатрешни афери, со кој ја става Македонија во потчинета позиција во однос на својот јужен сосед. Спротивно од Премиерот Зоран Заев, Претседателот Иванов се огради од договорот кој според него е прекршување на основните човекови права, поради што и самиот се изјасни за воздржаност од учество со глас на референдумот. |