Понеделник, 01 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Лигата на Македонците Американци е разочарана и обесхрабрена од соопштението на Стејт Департментот

1111

Лигата на Македонците Американци (ЛОМА) испрти протест

До:

Хедер Науерт

Портпарол на Депатмент

Стејт Департмент на САД

Вашингтон

1 октомври 2018 година

Референдумот на Македонија за Преспанскиот договор

Почитувана г-ѓа Науерт,

Лигата на Македонците Американци (ЛОМА) е исклучително разочарана и обесхрабрена од соопштението на Стејт Департментот на САД во врска со резултатите од референдумот во Македонија на 30 септември.

Референдумот ги праша Македонците дали поддржуваат договор меѓу Македонија и Грција, кој бара од Македонија да го промени своето уставно име заедно со многу други шокантни одредби. За македонскиот народ овие барања се неподносливи и недостојни. Затоа, тие организираа движење за бојкот за да го нагласат нивниот презир за договор кој ќе ја смени суштината на нивниот идентитет, достоинство и демократија.

Според тоа, околу две третини од Македонците избраа да не гласаат на овој референдум. Уставот на Македонија бара одѕив на гласачите над 50 отсто, со цел референдумот да биде обврзувачки, што го прави овој референдум неуспешен. Меѓутоа, игнорирајќи ги горенаведените факти, на 30 септември, американскиот Стејт департмент издаде соопштение за медиумите, поздравувајќи го наводниот успех на референдумот.

Македонско-американската заедница е крајно разочарана и обесхрабрена поради континуираната поддршка на САД за промена на името Македонија, кога огромното мнозинство Македонци се противат на промена на своето име. Македонците-Американци сé повеќе ја губат вербата во прaведноста и кредибилитетот на САД. Безчувствителниот и немилосрден напад врз волјата и достоинството на македонскиот народ во светот е речиси неодговорно.

(ЛОМА) ја повикува САД да ја повлечат својата поддршка кон антидемократските сили и политики во Република Македонија. Продолжувањето на оваа агенда за да се види Македонија по секоја цена како членка на НАТО, го загрозува мирот на Балканот. Ве потсетуваме дека патот на Македонија кон членството во НАТО не се наоѓа во континуирано суспендирање на демократските вредности и принципи. Соодветниот пат би бил проследен со осуда и исправка на неодговорните и шовинистички напади на Грција врз македонската нација и народ. Мир и стабилност ќе владеат на Балканот откако Грција ќе го почитува самоопределувањето и суверенитетот на Македонија и на македонскиот народ. Ова вклучува признавање на Македонија како Република Македонија, етнички македонски идентитет, македонски јазик и етничко македонско малцинство во Грција.

Се надеваме дека повторно ќе ја разгледате оваа неуспешна и неправедна политика во која барате Македонија да се откаже од своите принципи, достоинство, суверенитет и име само за да може САД да ги реализираат своите геополитички интереси. Ве потсетуваме дека американските интереси можат да се зајакнат само ако се почитуваат демократските вредности и принципи на кои се заснова оваа нација.

Со почит,

Виктор Синадиноски, коосновач

Лига на Македонци Американци

www.leagueofmacedonians.org

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.