|
||||
Зошто референдумот за промена на името доживеа дебакл? |
Анализа:Зошто референдумот за промена на името доживеа дебакл? Еден куп провладини портали, аналитичари се занимаваат со прашањето како можеше да не успее референдумот за прифаќање на Договорот со Грција, ако се знае дека во последниот период за таа цел беше вклучена целата владина машинерија, засилена со огромна странска артилерија, која повеќе од 30 дена беше сеприсутна во медиумскиот простор. Прашањето е уште поинтересно ако се знае дека од другата страна беа само килавата опозиција која до последниот ден калкулираше, потоа ’сатанизираниот’ претседател кој според провладините медиуми скандалозно говори за неправдата врз македонскиот народ и на крајот една мала група луѓе обединети врз хаштагот #Бојкотирам на кој му се налепија и неколку помали партии. И повторно истите провладини аналитичари кои тврдеа дека се е готово, дека опозицијата се испазарила за амнестија, притоа спроведуваа анкети во кои се тврдеше дека #Референдумот ќе биде и тоа како успешен, денес се обидуваат вината да ја префрлат врз истата опозиција, која замислете решила да им сврти грб на стратешките партнери и да повика на тивок бојкот. Но, реалноста е малку поинаква од приказните кои ни ги продаваат овие аналитичари, од кои голем дел со наши буџетски пари се обидоа да го продадат Договорот кај македонската јавност. На прашањето зошто пропадна референдумот и покрај очигледното полнење кутии во места со албански гласачи, и покрај јавувањата на телефон од партиските директори врз нивните послушници кои требаше да најдат по икс бројка на пријатели и роднини кои ќе гласаат (шемата што ја правеше минатата власт) и покрај бројните славни фаци кои беа платени да заговараат промена на името и покрај целата странска булумента која во еден месец се појави на аеродромот со променото име, одговорот е поразличен од тоа што го тврдат заговорниците за промена на името. 1. Референдумот пропадна затоа што Договорот е понижувачки за македонскиот народ. Ова е првата и најважна причина. Според Договорот, Македонија ги поништува сите придобивки од досегашното постоење - скоро 140 земји кои не признале под уставното име, потоа ги згазивме нашите црвени линии со прифаќањето на грчкото Ерга Омнес односно прекрстувањето и дома, за што премиерот Зоран Заев пред да го прифати договорот рече дека тоа ќе значи оти сме се обесчестиле и обезличиле. Со Договорот македонскиот народ признава дека е вештачка творба (член 7), му се забранува користењето на придавката „македонски“ за институциите, потоа се воведува полициска држава со член 6 и се намалуваат правата и слободите загарантирани со Универзалната декларација на ОН (правото на самоопределување, правото на слобода на говор и на културна слобода со забраната за македонското сонце). 2. Референдумот пропадна затоа што Власта ја игнорираше Опозицијата Дури и покрај ваков катастрофален Договор, Власта ќе успееше да го истурка целиот процес и ќе ја изиграше волјата на народот, ако не ја игнорираше Опозицијата, односно ако некако ја убедеше да излезе на референдум. Проценките се дека тогаш цензусот ќе беше успешен, а со помош на албанските, ромските и другите гласови кои воопшто не се засегнати од понижувањето на македонскиот народ што му се приреди со овој Договор, гласањето ЗА ќе добиеше успех. 3. Референдумот пропадна затоа што македонскиот народ благодарение на социјалните мрежи успеа да се разбуди Всушност иницијативите на социјалните мрежи за Бојкотирање на договорот ја натераа опозицијата да се преиспита и да не повика на гласање за ваквиот погубен Референдум. Во оваа иницијатива се вклучија видни професори, независни авторитети, помали партии кои испратија јасни пораки дека Договорот ќе му наштети на целиот народ не само во денешницата туку и во иднина. Власта го потцени целото движење, го игнорираше, а кога веќе интерните анкети покажаа дека Референдумот нема да го достигне цензусот проба да релативизира, што го прави и денес после дебаклот. 4. Реферндумот пропадна затоа што Власта го потцени народот Заслепени од партиските математики кои луѓето ги сведуваат на бројки или на овци во трло кои на свирче се јавуваат без приговор, Власта го потцени народот, неопределените и обичните гласачи кои немаат партиска книшка. Токму тука потфрли целата Владина машинерија, ПР службите кои со неколкуте гафови и несреќни изјави на премиерот само го засилија бојкотот и пркосот кај народот. Тука влијаеја и дебилните реклами што се појавија дека ако го промениме името ќе имаме бесплатно здравство како во ЕУ, а е повеќе од јасно дека таму здравството е далеку поскапо од кај нас, потоа бројните скандали кои ги приредија владините функционери и тн. 5. Референдумот пропадна затоа што странските спонзори не ја познаваат доволно проблематиката Кога ги читате анализите во минатото ќе видите дека постојано се потенцира оти промената на уставното име е најболниот чекор кој ниеден политичар (до Заев) не се нафатил да го спроведе. И со причина на овој предавнички чин не се нафатиле ниту Глигоров кој имал далеку понеповолна меѓународна позиција, ниту Црвенковски или Георгиевски, ниту Бучковски, па ниту Груевски иако сите овие биле спремни на некакви отстапки во однос на прифаќање на некакво меѓународно име. Странските спонзори во сегашните власти најдоа партнер кој го убедија да го обесчести и обезличи народот (зборови на премиерот Заев кога објаснуваше дека ако се промени уставното име тоа ќе значи обесчестување и обезличување), но притоа го потценија македонскиот народ верувајќи дека ќе успеат да му потфрлат ваков фашистички и капитулантски договор со помош на пропаганда и плашење дека ќе дојде апокалипса ако не се покорат. За крај како заклучок – ова е огромна победа на македонскиот народ, рамна на таа на Давид против Голијат, но победата во оваа битка не значи и дека е добиена војната. Имено, тој што се нафатил да игра ОЛ ИН (премиерот Заев), јасно е дека ќе игра до последниот адут што го има, а има уште многу. Мејнстрим медиумите се се уште во негови раце, поддршката на странците да се смени името е постојано, па со помош на уцени, притисоци и закани од СЈО ќе се обиде да поткупи неколку пратеници за повторно да се изигра волјата на македонскиот народ. Дали ќе успее – ќе видиме! Споделете со цел да разубедиме што е можно повеќе луѓе кои даваат поддршка на промената на името! |