Среда, 03 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Референдумот е неуспешен
alt
Арсовски:За ВМРО-ДПМНЕ најважна е волјата на граѓаните, референдумот е неуспешен

Денеска има закажано седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, акцент ќе се стави во однос на прашањето околу актуелната економска и политичка ситуација. Како што знаете помина референдумскиот ден односно гласањето во неделата и сега сме во една ситуација каде што референдумот е неуспешен, односно не беше исполнет цензусот кој е еден од условите за успешен референдум, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во Вестите на ТВ 21.

Арсовски нагласи дека на Извршниот комитет освен за актуелната состојба во Република Македонија ќе се разговара и за целокупниот тек на гласањето на 30-ти септември, потенцирајќи ги сите неправилности и нерегуларности кои се евидентирани тој ден а кои биле пренесени во медиумите. Тој додаде дека за неправилностите околу референдумското изјаснувале поднеле кривична пријава и очекуваат дека органите на прогонот ќе реагираат и ќе ги пронајдат сторителите.

Ние за нерегуларностите поднесовме кривична пријава и очекуваме обвинителството и органите на прогонот да ја процесираат и да ги најдат сторителите, вели тој.

Портпаролот Арсовски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ најважна е волјата на граѓаните, односно како што рече тој граѓаните во неделата се изјасниле дека се против договорот кој го потпиша владата на СДСМ и Зоран Заев со владата на нашиот јужен сосед.

Во неделата јасно е изразена волјата на граѓаните а тоа е дека тие се против овој штетен и капитулантски договор потпишан од владата на СДСМ и Зоран Заев и владата на Република Грција. Во однос на тоа ние неколку пати претходно кажавме од нашите информации кои што ги добивавме од терен преку работното „Лето за Македонија“ дека граѓаните едногласно се за ЕУ и НАТО, а се против овој штетен договор кој ги обезличува државните интереси на Република Македонија, заврши Арсовски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.