Среда, 03 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Катимерини: Зоран Заев е неуспешен политичар со многу шуплива поддршка

altКатимерини: Зоран Заев е неуспешен политичар со многу шуплива поддршка

„Исходот од референдумот во Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) за името на земјата покажа дека поширокиот регион од кој Грција е дел, исто така е зафатен во невообичаено и сигурно антисистемско расположение. Резултатот беше, пред се, пораз за Западот. Соединетите Американски Држави и Европската унија ја повторија фаталната грешка направена во кампањата „да“ за време на референдумот во Грција во 2015 година за програмата за спас на земјата.

Странските системски претставници од германската канцеларка Ангела Меркел до американскиот секретар за одбрана, Џим Матис, го посетија Скопје. Соочени со оваа голема, иако конвенционална кампања, противниците на договорот тивко се мобилизираа на социјалните медиуми. Како што често излегува во последниве години, движењето на отпорот успеа да ја победи редовната армија.“ – анализира грчкиот весник Катимерини.

Во текстот се потенцира дека премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, не е особено харизматичен политичар и поддршката за него е прилично шуплива. Катимерини ги анализира и следните чекори на премиерот Заев

„Тој сега ќе се обиде да ги убеди своите сонародници дека „не“ значи „да“ – во голема мера она што неговиот грчки колега Алексис Ципрас го направи во 2015 година. Ќе биде многу тешко за ова да помине во парламентот на ПЈРМ без нови избори. Барањето за уставна ревизија, што го наметна претседателот на државата Ѓорге Иванов (непријател на договорот кој ги повика гласачите да го бојкотираат референдумот), како дел од договорот, се покажа како најважен безбедносен вентил. Ципрас и неговиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, премногу инвестираа во договорот во Преспа, што, најверојатно, беше и чип за ценкање во преговорите со грчките меѓународни кредитори.“

-На површината, евентуален колапс на договорот би бил во интерес на владата предводена од СИРИЗА, бидејќи тогаш ќе биде избегната сценарио на раскол меѓу Ципрас и неговиот помлад националистички коалициски партнер Панос Каменос. Сепак, многу набљудувачи веруваат дека прекин би бил во интерес на двајцата. Секако, постои и прашање за тоа како еден политичар кој е можен кандидат за Нобеловата награда за мир поради Преспанскиот договорот може да ја дели власта со политичар кој верува дека тоа е криминален договор. Но, како што сите знаеме, ова е Балкан, тоа не е смешно прашање, се додава во анализата на Катимерини.

Извор:lider.mk

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.