Среда, 03 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Бојкотот победи! Референдумот пропадна! Нема ништо од Северна Македонија

alt

КОЛУМНА, СОЛЗА ГРЧЕВА: “Маргиналците“ го возвраќаат ударот

Бојкотот победи! Референдумот пропадна! Нема ништо од Северна Македонија. На следниот попис, молам да се отвори графа за “северњаците“ кои едвај чекаа да се ослободат од името Македонија со кое сме растеле, за кое сме пееле, пишувале, за кое луѓе се бореле, името кое на многу северњаци им даваше и највисоки државни функции. Сега гледаме дека ним, името им било “тесна кожа“. Со тоа име – не име, тие, замислете токму тие, кои од државата со децении правеа мајтап и ја разјадуваа како стаорци, не можеле да одат напред. А одењето назад го припишуваат на други, иако тие владееја и не распродаваа каде стигнат. Дојдени на функции со калливи кондури, излегоа како “угледни“ бизнисмени. Запустеа здравство, образование, инфраструктура, оставија луѓе на улица, младите буквално ги бркаат со децении наназад, како и сега, со проклетите партиски вработувања, потонаа во корупција. Една институција од доверба не остана. На такви, коза во рака не смее да им се даде, а не име на држава и нација. Најмалку пак тие можат да бидат гаранти на нашата иднина. И тоа луѓето го разбраа. Конечно ги просветли “дијамантски“ куршум. Да се наречеме и Северна Америка џабе е со овие метастазирани политики и луѓе. Токму неделата беше денот за трезнење. И затоа, има надеж.

Владата на Заев го доби најсилниот удар досега за неговата политика заснована на еден столб: промена на името на државата и создавање на вештачка творба. Повеќе од 63% (фалсификатот на референдумот се проценува на 2-3%) јасно кажаа “не“ за Северна Македонија. Се разбира дека никој не очекуваше Заев да се однесува поинаку од ова што го гледаме. Ниту оставка, ниту бутур. Со сета впрегната армада, наша и белосветска, со сите билборди со лажни ветувања, со сите забрани за рекламирање на другите, со сите закани за следење дури и на социјалните медиуми, со божемното балансирано известување на медиумите, со огромните народни пари, со полнењето на кутиите помеѓу 17-19 часот, пропаднаа како Титаник. Ниту целата “аналитичарска“ стандардна и проширена екипа, не помогна. Ниту познатата, широко употреблива интелектуална “елита“ ,за која не постои став на владата што не е спремна да го брани, не допре до јавноста. Само им одмилеа.

Оваа Влада успеа навистина поддршката за НАТО и ЕУ да ја сведе на фантастично мал процент: 36.9%. Тоа го направи со својата експлицитна марионетска политика, со најлошиот можен договор кој го прифати, со силувањето на правната држава и демократијата, конечно и со својата евидентна неспособност. Но и сите оние видни странци кои доаѓаа со денови да не убедуваат, а всушност најдрско испорачуваа само уцена, треба да размислат за картата на која играле. Заев треба и ним да им објасни за погрешните процени кои ги правел и им ветувал невозможна работа. Да не зборувам дека неговата (не)одговорност пред се, треба да ја испорача пред нас во вид на оставка. Да не се дрзнува да им става на пратениците пиштол во глава за да му гласаат нешто што не смеат ниту да помислат, после изјаснувањето на референдумот.

Тие, реал политичарите, за разлика од нас “романтичарите“, направија најнереална проценка на теренот. Ги излажаа партнерите за фантастични 300,000 гласови, ги натераа да доаѓаат овде и да даваат ветувања какви не смеат да помислат да дадат во сериозна држава. Слушам и за Нобелова награда за мир ќе го предложеле Заев, небаре реши стогодишна војна. Со таков ветар во грбот да испорачаш “ништо“, навистина човеков е за награда. И ќе ја добие.

Вчера и денес, речиси сите светски медиуми пишуваат за пропаднатиот референдум. Нема сила да се сокрие фактот дека немаше ниту приближување до законскиот цензус. Се обидоа да го протнат како успешен со 36.9% излезност, а референдумот во Каталонија беше неуспешен со 43%. Иако ним правото им е само “алатка на политиката“, сепак едната од алатките, поточно чеканот, ги мавна по глава.

Така “Атлантик“ кој е лидер во стратешките новинарски истражувања, пишува дека “независно од преброените гласови “за“, референдумот е технички неуспешен“. Слични наслови излегоа и во Фајненшал Тајмс, во Лос Анџелес Тајмс и други влијателни весници. Лондонски Гардијан пак, оној истиот кој не сакаше да објави писмо на македонските интелектуалци потпишано и од Милан Кундера лично, повторно се впушта во морски теории на заговор, каде сега не само една мала партија, туку целата опозиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ била финансирана и под влијание на Русија. Чиста и масовна хистерија. Но, факт е дека симпатизерите на најголемата опозициска партија покажаа големо ниво на свест и повеќето одлучија да седат дома. И не поради Русија, туку поради Македонија. На власта со ропски менталитет, тешко е ова да и се објасни. Не се ни обидувам.

Со месеци, ние кои стоевме на страната на бојкотот на референдумот од денот еден, бевме навредувани, игнорирани, маргинализирани, етикетирани, пуштани низ вода од двете страни. Се боревме пред се со меинстримот, но и со неодлучната најголема опозиција која нели, имаше став дека нема став. Ние не калкулиравме дали ќе не поддржи меѓународната сцена при евентуални избори (а ќе не поддржи, ама не под овие срамни услови), немавме дисонантни изјави, ниту партиски функционери кои се глупираат и повикуваат на гласање. Генералите после добиената битка, сакајќи да фатат приклучок и да се накалемат на сега веќе видливото и успешно движење за бојкот, излезено од оздола, од народот, вадат ликови од движењето како од шешир и ги прогласуваат за речиси “свои“. Ќе треба да објаснат и кого го гледаа како “фекалии во буре со изворска вода“. Не верувам дека и оние урбани, автентични ликови од “бојкотирам“ сакаат да бидат посвоени. Допрва треба да работат на една здрава Македонија која никако не ја гледаат како црно-бела. Владата со својата камарила пак, се обидуваше сите вклучени во бојкотот, да не натрупа во еден кош и се разбира тоа би бил кошот на Русија. Дури ЊуЈорк Тајмс објавуваше статии за некои актери кои им се видоа како најпогодни за контаминација на целото движење. Полуписмени интелектуалци се убиваа од објаснувања дека “бојкот“ не значел став. Исто како и полуписмената влада. Небаре требаше да делуваме во илегала. Нема во оваа прилика да ги упатувам на читање на Кодексот на добри референдумски практики на Венецијанската комисија. Не вреди. Тие се служители, ние сме победници.

Вистината е дека народот во големо мнозинство и независно од партија, вера и други одредници, препозна закана по себе за нечии туѓи интереси. Оваа евтина трговија не проаѓа ниту на Кванташки пазар. Мал број на луѓе се налепија на лагите за светла и далечна иднина, без никаква гаранција.

Моментот кога народот јасно ќе го посочи изворот на своето лошо живеење во енормната корупција на системот, ослободен од навивачките страсти,ослободен од клиентелизмот во кој потона, е токму тој момент ќе почне да ја исцртува неговата подобра иднина. Тој момент се надевам дека се случи на 30-ти септември. Тоа е единствениот квантен скок во права насока. Сериозни партнери, тоа мора да го препознаат и уважат. Се друго потпаѓа под Северната бајка за која пишував.

(авторот е проф. д-р и претседател на ГЛАС за Македонија)

https://vecer.press/%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BC%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%BB%D0%B7%D0%B0-

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.