|
||||
Република Македонија две години е заштитена од обиди за менување на уставното име |
Димитар Апасие – Во согласност со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, Собранието е должно да ја усогласи законската регулатива со резултатите од задолжителниот референдум. Односно според членот 30, став 2: „Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето, односно законот по кој се одлучувало на референдумот, во согласност со резултатите од референдумот“. Со оглед на фактот дека референдумот на 30 септември беше консултативен, а според ДИК, не е донесена ниту одлука на него, бидејќи не е исполнет еден од двата кумулативни услови за да биде донесена одлука (неисполнетиот цензус), останува во сила одлуката од референдумот во 1991 година. Во правото функционира принципот: закон се менува само со нов закон, а одлуката од референдум се менува со донесена одлука на референдум. Покрај тоа, во Законот за референдум е пропишано дека две години по одржувањето референдум, не може да се постави истото референдумско прашање. Во практика тоа значи, дека по ваквиот исход на референдумот Република Македонија две години е заштитена од обиди за менување на уставното име. Во наредните две години не може да се постави референдумско прашање за спогодбата од Мала Преспа, односно ниту народот (гласачите) во тој период не можат да го менуваат името на државата, а уште помалку, евентуално, новиот парламентарен состав (ако Владата се одлучи за избори), не смее да расправа за ова прашање – објаснува професорот Димитар Апасиев. |