МПЦ со став за неменување на името на црквата
На Архиепископскиот црковно-народен собор, што се одржува во струшко Калишта, Македонската православна црква донесе резолуција во која меѓу другото стои и дека се потврдува и реафирмира ставот за неменување на името на Македонската православна црква. Соборот го подржува ставот од 26 декември 2017 година за неменување на името на државата, за неменување на уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на РМ и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.
„Членовите на Архепископскиот црковно народен собор увпатуваат апел за национално единство и молитвген повик до сите политички субјекти во земјата за одговорен пристап во овој исклучително комплексен и полн со предизвици период за нашата Татковина, со препорака да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и сè што е македонско.Цековно народниот собор го поддржа ставот уште од 26 декември 2017 година во однос на промена на името на нашата држава и нашата црква“, истакна Тимотеј- Владика на Дебарско Кичевската епархија. |