Сабота, 06 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Нема менување на името, со сите сили да се чува националниот и духовен идентитет
alt

Архиепископски црковно-народен собор

Владиката Тимотеј: Нема менување на името, со сите сили да се чува националниот и духовен идентитет на сè што е македонско

Архиепископскиот црковно-народен собор (АЦНС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на редовната годишна седница што вчера и денеска се одржуваше во манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица" во Калишта го потврди и реафирмира ставот за неменување на името на МПЦ и неменување на името на државата.

Во Резолуцијата на Соборот, како што истакна денеска на прес-конференција портпаролот на МПЦ-ОА владиката Тимотеј, поддржан е ставот на МПЦ од 26 декември лани за неменување на уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на РМ и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.

„Членовите на АЦНС воедно упатуваат и апел за национално единство и искрен и молитвен повик до сите политички субјекти во земјата за одговорен пристап во овој исклучително комплексен и полн со предизвици период за нашата татковина, со препорака да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и сè што е македонско“, истакна Тимотеј.

Преку Резолуцијата, Советот упати и апел до државните институции да се поведе поголема грижа за просветните институции на Македонската православна црква, за црковно-историските споменици, како и предметот „Етика во религиите“ да добие статус на редовен предмет во државното образование.

Едногласно, како што рече Тимотеј, биле прифатени и изгласани и предложените амандамани за дополнување на Уставот на Македонската православна црква.

„АЦНС ги прифати предлозите на САС и одлучи досегашната Полошко-кумановска епархија да се подели на две засебни епархии и тоа Тетовско–гостиварска православна епархија и Кумановско-Осоговска православна епархија и се додаваат во член 7 од Уставот на Македонската православна црква. Врз основа на направената географска поделба на Македонската православна епархија во Австралија, во чл. 7 од Уставот, покрај „Македонската православна епархија за Австралија и Нов Зеланд со седиште во Мелнбурн“ се додава и „Австралиско-сиднејска православна епархија со седиште во Сиднеј“, појасни владиката Тимотеј.

Редовното годишно заседание АЦНС го одржуваше вчера и денеска во манастирскиот комплекс „Рожденство на пресвета Богородица“ во Калишта, во рамки на одбележувањето на јубилеите „1000 години Охридска Архиеписопија“ и „60 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“, како и „75 години од Свештеничкото собрание во Издеглавје“, „200 години од раѓањето на митрополитот Партениј Зографски“ и „1155 години од Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј“

https://www.mkd.mk/makedonija/vladikata-timotej-nema-menuvanje-na-imeto-so-site-sili-da-se-chuva-nacionalniot-i-duhoven

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.