|
||||
Неизлезените стекнале право да се брои НИВНОТО НЕИЗЛЕГУВАЊЕ КАКО ГЛАС ПРОТИВ |
Многу е чудно како владејачката гарнитура го прогласува референдумот за успешен, а не е постигнат законскиот цензус од 50% плус еден гласач. Настрана што тие сами ги броеле гласовите ЗА и Против, како и фактот дека инфлагранти се фатени со полнење на гласачките кутии со “Македонскиот автобус“. Ако тие се задоволни со 610-те илјади излезени гласачи, прашање е дали таа бројка е цензусот што тие сами си го определуваат. Прашањето може да се постави и поинаку: дали нивниот цензус можеше да биде и понизок, на пример, 500.000 гласови, 400.000 гласови, 300.000 гласови и така по ред, до теоретски ЕДЕН ГЛАС. Значи, тие би биле задоволни и ако на гласањето излезеше и САМО ЕДЕН гласач. Ова треба да им се објасни. Но, има едно НО: при нивниот став дека требало да се бројат само тие што излегле на гласање, но не и тие што не излегле, треба да се има предвид дека при кампањата, една јака политичка партија, а денес гледаме дека тоа била коалиција на повеќе партии, како и голем дел интелектуалци, но и невладини организации, повикувале на БОЈКОТ. Тоа значи дека граѓаните се определиле за ставот за бојкот и не излегле, што значи дека неизлезените стекнале право да се брои НИВНОТО НЕИЗЛЕГУВАЊЕ КАКО ГЛАС ПРОТИВ. Со тоа се оправдува процентот од околу 36 на успешност на референдумот. Владимир Павлески |