|
||||
Каракамишева до власта:Политиката на рулет на Заев не даде никакви резултати |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Hristijan Mickoski , на денешната прес-конференција многу прецизно ги дефинираше стратешките интереси на државата во овој судбоносен период и даде решенија како истите да бидат остварени. Политиката на рулет на Заев не даде никакви резултати. Покер партијата во која Заев ја стави во залог целата држава и сите нас е казнета со референдумското НЕ кое Заев го доби од еден милион и двестотини илјади граѓани кои апстинираа од гласање поради тоа што не се согласуваат со него и неговиот лузерски однос кон најважните национални прашања и интереси на државата. Македонија тоне во криминал, во фалсификувани изборни процеси, Македонија тоне на сите полиња, граѓаните никој не ги заштитува, оставени се сами на себе и со надежта дека ова политичко цунами ќе престане ден ако не и час поскоро. Наместо лажната амнестија која СДС му ја припишуваше на Мицкоски како негово барање во текот на целиот изминат период, Мицкоски денес им одговори, ајде да расчистиме на транспарентен и објективен начин со сиот криминал, доста е со политизацијата на правдата и со селективниот однос кон правото и правдата, ајде да оформиме независно обвинителство на чело со независен обвинител надлежен да ги испита сите прислушувани разговори на неполитички и професионален начин, ајде да се справиме еднаш засекогаш со заробената правда и со полтронизираното судството. На Македонија и на граѓаните им треба нормална држава со функционални институции и со правосуден систем кој во секое време ќе даде вистинска заштита на човековите права и ќе биде бедем чувар на правната држава. Мафијата во политиката мора да си оди, криминалците не смеат да бидат заштитени мечки и да ја водат државата. Тие треба да бидат најнапред делегитимирани а потоа и отстранети од политичките функции. На Македонија и се потребни чесни политичари кои ќе работат во име и во интерес на граѓаните и за доброто на сите! |