|
||||
Е па браќа Северни Македонци, вие слободно бидете си Северни |
Тодор Ношпал Една дискусија ме потикна на едно размислување дека како Македонци всушност имаме еден внатрешен, можеби потсвесен проблем, а кога ќе размислам тоа е поткрепено и со генетските испитувања за потеклото на народите. Мене да речеме и на 2/3 од нас Македонците, мозокот и внатрешното чувство во душава ми вели дека сум потомок на античките Македонци, на другите 1/3 им вели дека имаат словенско потекло. Имено во генетските испитувања резултатот за луѓето кои се изјасниле како Македонци и живеат на овие територии е дека имаат 60-70% Македонски ген, останатото е 15-20% словенски, албански, татарски .... Размислувањето ми е во тој правец дека резултатот од референдумот на оние кои гласаа за промена на името (1/3) се совпаѓа со бројката на оние кои имаат словенски ген. Потврда на ова е што сите тие според она што го гледам, слушам и што го пишуваат не ја чувствуваат поврзаноста со „Античките Македонци“, како што ги нарекуваат и затоа немаат проблем да бидат Северни.Ова е само хипотетички и не е научно докажано, но сите индиции водат дека тоа е така. Е па браќа Северни Македонци, вие слободно бидете си Северни, ама тоа не значи дека ние другите ќе го смениме името. Ние во сите варијанти остануваме чисто и единствено МАКЕДОН или МАКЕДОЦИ. |