Понеделник, 08 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
На Македонија не и е потребна нова криза, на Македонија и е потребен напредок и победа
alt

СДСМ ја втурнува државата во нова политичка криза. Насилното туркање на договорот од Преспа кој беше отфрлен на референдум од страна на народот ја носи државата во политичко - правен ќорсокак.

Граѓаните и државата не смеат да трпат заради неодговорноста и неспособноста на Заев и екипата околу него.

Повеќе од година дена државата реди само неуспеси. Владата која како маска го стави за приоритет решавањето на спорот за името, всушност правеше невиден грабеж. Милионски тендери се делат во четири очи, убиства се случуваат по улиците кои никој не ги расветлува, здравството, образованието и земјоделието тонат, исто како и се друго во државата, а ветувањата за 500 евра плата и 600 километри автопат останаа само бледо слово на хартија.

Хаосот не смее да продолжи. Зоран Заев мора да си оди.

Над 1 милион и 200 илјади граѓани и дадоа црвен картон на оваа влада и на договорот од Преспа. СДСМ нема легитимитет да управува со државата.

Кризата мора да запре. ВМРО-ДПМНЕ нуди решение. Ние ги прифаќаме изборите кои Заев ги најави. За тие да се случат, а со цел овозможување на фер и демократски изборен процес потребно е формирање на техничка - пржинска влада, избор на ЈО по предлог на опозицијата и Анкетна комисија во Собранието за разгледување на нерегуларностите од референдумскиот процес.

Втората опција за СДСМ и Заев е веднаш да се откажат од капитулантскиот договор и да се распишат избори, за по изборите да биде формирана нова обвинителска институција која ќе ги истражува криминалите на оваа власт и предметите на СЈО.

Времето на криминал и корупција во Македонија мора да заврши. Политичарите од транзицијата мора да си заминат. Потребно е напуштање на договорот, осуда на криминалот и правда за секој еден граѓанин во оваа држава.

На Македонија не и е потребна нова криза, на Македонија и е потребен напредок и победа. Македонија ќе победи, народот ќе победи само со чесен и искрен и принципиелен пристап.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.