Вторник, 09 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Јас сум партизанско дете и немам друг избор освен да востанам, да се борам со вас и да ве победам

431311 3074927643806 590642884 nЈани Бојаџи

Ете, стасавме и до тука! Утре во 11.00 часот во Основен суд 2 во Скопје, на предлог на државниот Правобранител а на барање на Министерството за култура ќе се одржи рочиште на кое се бара забрана за прикажување на играниот филм ,,Ругање со Христос,,!

Драги мои фашисти!

Ова мене ми е работа. Јас од филм живеам. Немам друга професија. Со ова вие мене ми ја забранувате работата!

О, неразумници!

Вие мене ми го забранувате правото да работам, да заработам и да живеам! Вие мене ми го одземате правото на живот! Ова продолжува веќе два месеци! Јас сум уметник. Работник. Пролетер. Не поседувам средства за работа. Не поседувам недвижности. Ако не работам не можам да си платам ќирија, струја, вода, данок. Акоа не работам не можам да си го прехранам семејството!

О, несреќници, вие мене ме убивате! Ова е истребување! Вие мене утре ме судите на глад и на смрт! Се молам за вашиот разум и за благост во вашето срце кога ќе ме судите! Се молам за вас и треперам од страв оти не знам до кога јас ќе бидам разумен и благ со вас, о мои обвинители и судии!

Вие утре ми судите мене, ама ќе си пресудите себе си. Оти ќе останете запаметени по тоа дека судите за нешто што не сте го виделе, а тоа е пострашно и ако лажно да сведочите!

Драги мои фашисти,

Јас знам дека по природата на тоа што сте – тирани и безумници, ќе го направите она што веќе сте го направиле во минатото! Таква си е нотропијата на фашизмот – ќе го излеете бесот и немоќта на улица и на невините, и ќе завршите под урнатините ! Но, ете, по не знам кој пат ви кажувам: не ви се плашам! Јас сум партизанско дете и немам друг избор освен да востанам, да се борам со вас и да ве победам. Знам. Така е тоа со слободата – треба да си ја заслужиш!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.