Четврток, 11 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Зоран Заев не треба да се прашува „што правиме сега“

42858941 551810145240749 1559299219821428736 n

Заев треба да се поклони на македонскиот народ и да отстапи од намерите за бришење на името, идентитетот, историјата, традицијата и културата

Зоран Заев не треба да се прашува „што правиме сега“, туку треба да ја почитува волјата на народот. Самиот призна дека одлуката која што ја стави на референдум не беше поддржана од граѓаните и затоа треба да се поклони на македонскиот народ и да отстапи од намерите за бришење на името, идентитетот, историјата, традицијата и културата. Наместо да се прашува, Заев треба да понесе одговорност за милионите евра истрошени на референдумот на кој народот му кажа дека не ги поддржува неговите антидржавни политики.

Впрочем во капитулантскиот договор што Заев го турка на сила се содржат истите гаранции кои беа наведени и во времената согласност од 1995 година. Сите видовме колку тие гаранции беа почитувани од грчка страна и дали Грција не го попречуваше членството на Македонија во НАТО под времената референца.

Кариерата на Зоран Заев е поважна од националните и државните интереси. Тој по секоја цена на сила се обидува да го протурка капитуланскиот договор со Грција. Народот беше повеќе од јасен. СДСМ не сака да ја испочитува волјата на 1.2 милиони граѓани кои преку својата апстиненција дадоа и повеќе од јасен одговор дека не се согласуваат со промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија.

Зоран Заев и СДСМ треба да сфатат дека само народот и никој друг го има тоа право да одлучува за Република Македонија и тој народ одлучи да нема промена на името на државата и националниот идентитет.

Циркусот во собранието од страна на Зоран Заев и иницијативата за промена на уставот на Република Македонија со цел промена на уставното име веќе добро им е познат на граѓаните. Заев продолжува да го гази својот народ да го потценува и да го негира. Единствениот мотив зошто ова го прави е дека сака да ги прикрие сите криминали што ги направи оваа власт. Дополнителен товар му е тоа што има ветено некому нешто што не може да го исполни и затоа тој не само што се откажа од народот туку оди и спротивно на јасно изразената волја.

Со капитуланскиот договор од Преспа, СДСМ и Зоран Заев полека ги заокружува сите Грчки барања од 1992 година, кои беа испорачани од Владата на Мицотакис, иако тогаш Македонија доби позитивно мислење од Бадентерова комисија.

Со прифаќањето повторно да се променат чл. 3 и чл. 49, а над тоа и Преамбулата на Уставот, всушност во целост Република Македонија признава дека Грција со право ги спорела овие уставни одредби во целиот изминат период.

Заев нема поддршка од граѓаните за неговите политики.

Тој се плаши од фер и демократски избори на кои народот ќе го испрати во политичка пензија и ќе му стави крај на неговата неславна политичка кариера, а Македонија ќе победи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.