|
||||
Законот за СЈО спасува дел од обвинетите во новите предмети |
Членот 22 од Законот за специјално обвинителство засега ги спасува од обвинение, осомничените во новите шест истраги кој вчера ги презентираше СЈО. Овој член од законот забранува после 30 – ти јуни 2017 година, Катица Јанева да покренува обвиненија за истраги кои се завршени.
Закон за СЈО, Член 22: „Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.“ За промена на членот потребно е дво третинско мнозинство или за продолжување на рокот на СЈО треба да гласа и ВМРО – ДПМНЕ – опција која опозицијата ја исклучи. Ова значи дека новите истраги кои ги најави Катица Јанева како и старите десет, не може да финишираат со обвинение. Затоа, Зоран Ставрески поранешен министер за финансии, Никола Груевски, Кирил Божиновски, Стевчо Јакимовски, директорот на МТВ, Маријан Цветковски, Генералниот скретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев, екс директорот на Телеком Жарко Луковски како и актуелниот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи, засега ќе се спасат од обвинение пред Кривичниот суд. Осомничени во новите истраги на СЈО: ЗОРАН СТАВРЕСКИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ НИКОЛА ГРУЕВСКИ КИРИЛ БОЖИНОВСКИ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ МАРИЈАН ЦВЕТКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА МТВ ИГОР ЈАНУШЕВ, ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВМРО – ДПМНЕ ЖАРКО ЛУКОВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ТЕЛЕКОМ БУЈАР ОСМАНИ, ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Поранешниот обвинител Александар Наков не ја исклучува можноста, готовите истраги на СЈО, Јанева да ги предаде во редовното обвинителство. „Убеден сум дека СЈО ќе продолжи да постои, а на тоа ми укажа и последното интервју на Републичкиот јавен обвинител дека ќе имаат некое решение СЈО како такво да влезе во редовното обвинителство и продолжи со својата работа“, вели Александар Наков, поранешен обвинител. Можноста финишарните истраги СЈО да ги предаде во јавното обинитество ја потврди и специјаланата обвинителка Катица Јанева во интервју за Алсат М пред две недели. „Се надевам дека прашањето околу мандатот за да поднесуваме обвиненија ќе биде најбрзо можно решено и СЈО ќе може да си ги застапува предеметите. Ако не дојде до тоа сигурно ќе мора да ги дадеме предметите што нема да ни биде драго и во секој случај ќе им помагаме на нашите колеги од редовното обвинителство доколку се створат можности да ги совладаат нашите предмети“, рече Јанева. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски за Алсат М објасни дека немале средба со Катица Јанева на тема преземање одредени обвиненија. Според него и за ова требаат одредени законски измени но се подготвени целосно да соработуаат со СЈО. Инаку, во новите шест истраги на специјалното обвинителство за прв пат се појавува името на екс министерот за финансии Зоран Ставрески. СЈО се сомненева дека Ставрески и Јанакиески проневериле над 30 милиони евра со порамнување на Клириншкиот долг со Русија. Иаку новите истраги опфаќаат и актуелен функционер – Бујар Османи. СЈО го сомничи дека заедно со уште 15 лица го оштетил буџетот за речиси половина милион евра при реконструкацијата на болници низ Македонија. На листата осомничени во различни предемети се најдоа и екс премиерот Никола Груевски и неговите блиски соработници, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески. Според СЈО шесте истраги „Подарок“, „Пропаганда“, „Дизајн“, „Хармонија“, „Базни станици“ и „Пациент“, покажуваат злоупотреба на 80 милиони евра народни пари. Бојан Стојановски https://www.alsat-m.tv/mk/%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%98 |