Недела, 14 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Здружението на граѓани “Преродба” утре, 15 октомври, најавува протести и блокади пред Собранието РМ

altУтре протести и блокади пред Собранието против промена на Уставот од антицивилизациските политики

Здружението на граѓани “Преродба” утре, 15 октомври, најавува протести и блокади пред Собранието на Република Македонија, за да се спречи загрозување, притисок, закани, уценување и насилие, репресија и уништување на Македонскиот народ и на Македонската држава.

Протестите ќе започнат во 10 часот, кога всушност започнува и собраниската седница на која ќе се расправа за уставните промени. Организаторите најавуваат протести секој ден од 10 до 14 часот, сè додека не се исполни барањето за поднесување оставка на актуелната власт.

„Од говорницата пред Собранието ќе се обратиме со Општ јавен повик за продолжување на континуираниот македонски отпор, народна/граѓанска непослушност, против штетните нелегитимни недемократски и антидржавни политики на нелегитимната власт“ , се вели во нивното соопштение.

Исто така, тие најавија и организирање мораториумски народен собир и демонстрации пред Јавното обвинителство на Република Македонија.

„Мораториумските акции на отпорот ќе ги шириме низ Република Македонија и насекаде во светот, во земјите, каде живеат и чии државјани се Македонски граѓани, со нивно масовно учество. Ги повикуваме сите субјекти од Единството на Македонскиот народ, да застанат зад мораториумот како неопходен механизам и една од мерките за спречување на штетните политики“, велат организаторите.

Собраниската Комисија за уставни прашања на 10 октомври, петок, со десет гласа „за“ и седум „против“ го поддржа владиниот предлог за пристапување кон промена на Уставот. Собранието утре ќе пристапи кон гласање на уставните измени за чие усвојување е потребно двотретинско мнозинство.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.