|
||||
Заев во паника нудел и амнестија и укинување на СЈО, Мицкоски ја одбил! |
Според партиски информации од СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ, Заев побара национална прошка, но и нудел преку посредник амнестија и укинување на СЈО што било одбиено од Мицкоски Заев во паника нудел и амнестија и укинување на СЈО, Мицкоски ја одбил!Премиерот Зоран Заев, во обраќањето пред пратениците, на седницата за уставни измени кои произлегуваат од Спогодбата од Преспа за промена на името на државата, повика пратениците да си простата за 27 април, кога, како што рече “ќе се испоколевме”.Ајде вие пратениците од левата страна, подадете рака на оние од десната и вие пратеници од десната страна подадете рака на овие од левата. Ова е вистински момент за прошка. – рече Заев. Тој рече дека е подготвен да ја плати цената за еден ваков потег и дека знае оти тоа е политичка цена. Политичарите доаѓаат и си одат, но народот наш и државата ни остануваат засекогаш. –Â рече Заев. Со ова се покажаа вистинити партиските информации од СДСМ дека Заев е подготвен за спас од фијаско со гласањето на уставните измени ,да повика на национално помирување. Воедно од партиски извори од ВМРО – ДПМНЕ, известуваат дека за големата нервоза кај Заев и брзањето за измените на Уставот говори и фактот што вчера, висок претставник на СДСМ, по одобрение од Заев, остварил средба со еден од потпретседателите на ВМРО – ДПМНЕ. Претставникот на Заев, покрај споменатите работи, понудил и целосна амнестија за сите дела кои ги води СЈО, укинување на СЈО до крајот на годината, како и заедничко усогласување на реизбор на претседателот на Основниот Суд Скопје 1 и на претседателот на Апелациониот Суд во Скопје. Ваквите понуди веднаш биле одбиени од страна на раководството на ВМРО –Â ДПМНЕ како и од страна на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Собранието на Македонија. Објавил: Мирко Бачиќ https://www.magazin.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%ba |