|
||||
Претседателот Иванов ќе ги активира гаранциите на Заев? |
Претседателот Иванов ќе ги активира гаранциите на Заев?По отворањето на седницата на Собранието на Република Македонија за пристапување на уставни измени, извесно е можна реaкција од претседателот Иванов. Имено, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој по Устав е носител на државноста и суверенитетот, пред да го додели мандатот на Зоран Заев и СДСМ да се обидат да формираат парламентарно мнозинство а со тоа и Влада на Македонија со ДУИ побара и доби писмени гаранции. Во писмените гаранции, претседателот Зоран Заев во име на СДСМ, како иден можен мандатар, гарантира дека СДСМ и новото парламентарно мнозинство нема да пристапи кон уставни измени по ниту една цена. Претседателот Ѓорѓе Иванов точно напладне (17 мај 2017 година) му го врачи мандатот за состав на нова Влада на Зоран Заев, истакнувајќи дека му го дава мандатот на Заев кој обезбедил парламентарно мнозинство. Пречките за состав на Владата се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член од Уставот за определување на мандатар за состав на Владата–рече во краткото обраќање претседателот Иванов. Заев рече дека како што ветил и пред граѓаните, а и пред Иванов, испорачал писмо во форма на гаранција, кое е доставено до Кабинетот на претседателот. И тој потенцираше дека двете пречки за добивање на мандатот, се отстранети. Прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независоноста и мултиетничноста на Република Македноја. Гарантирам територијална целина на земјавата, уставниот поредок на државата, како и зачувување на државните интереси. Гарантираме дека процесот на носење на одлуки за граѓаните ќе биде во согласност со владеење на право, не доведувајќи ја во потчинетост Македонија од страна на друга држава. Ниту еден документ, декларација, платформа, акт, кој ќе биде во спротивност на горенаведените ставови, нема да бидат услов и основа за дејствување на владата на Македонија. – рече Заев, добивајќи го мандатот. извор:магазин.мк |