|
||||
Зоран Заев е срам за Република Македонија |
Заев да го прифати ставот на граѓаните, дека договорот од Преспа е правно - политички мртовЗаев и СДСМ се исплашени од Христијан Мицкоски бидејќи со секој минат ден сфаќаат дека народот ја препознава принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и национални интереси. Затоа очекуваме уште најмалку 10 пати во текот на денов да пуштат соопштение во кое што ќе изнесат лаги против Претседателот Мицкоски. Овој очај на СДСМ е пред самиот крај и веќе никаде не минува. Договорот од Преспа за промена на името на државата, за граѓаните на Република Македонија е правно - политички мртов, тоа тие го кажаа и на референдумот, на кој над 1 милион и 200 илјади граѓани со гласање против или апстинирање кажаа дека за нив договорот е лош. Зоран Заев мора да ја разбере пораката која му ја упатија граѓаните и да запре со силување на Уставот, законите и процедурите. Уставот е јасен референдумот не е успешен. Ставот на ДИК, тело кое го спроведува изборниот процес е јасен, одлуката не е усвоена. Само Зоран Заев тера инает на сопствениот народ. Заев треба да ги остави партиските интереси на страна и да го слушне гласот на народот. Заев не треба да бара виновници за неуспешниот референдум во никој друг освен во себе самиот. Тргнувајќи од лажните надежи кои им ги креираше на нашите меѓународни партнери, пропратени со големи манипулации за ситуацијата во земјата, преку манипулативното референдумско прашање, кое беше повеќе значајно се до криминогениот начин на спроведување на процесот, од закани, уцени, притисоци и поткупи. Дополнително Заев колнејќи се во демократија ја уби демократијата во државата. На денот на референдумот се случи полнење на кутии не запаметено во Република Македонија. Во одредени населени места тоа беше и повеќе од очевидно, па гласано е и за 5, 6 и 10 секунди. Ова го виде целиот демократски свет и ова е вистинскиот срам кој сега иако му се премолчува, ќе остане запаметен во науката на политички системи како пример за едно изнасилено владеење и криминоген начин на сфаќање на политиката. Зоран Заев е срам за Република Македонија. Зоран Заев наместо да продолжува да го турка процесот насила. Треба да го прифати ставот на граѓаните дека договорот од Преспа е правно - политички мртов. ВМРО-ДПМНЕ |