Петок, 19 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
ОМД: Мешањето на Стејт Департмент во Македонската внатрешна политика е контрапродуктивно

1ОМД: Мешањето на Стејт Департмент во Македонската внатрешна политика е контрапродуктивно

На Октомври 2018, ОМД оствари средба со новиот стафер за Македонија на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, Џил Дитчрик, во канцеларијата на ОМД во Вашингтон. Средбата следеше по остварениот состанок во првата половина на Август 2018 година, помеѓу Претседателот на ОМД Методија А. Колоски и Заменик Помошникот за Европски Прашања, Метју Палмер, Заменик Директорот, Сузан Фалатко и Џил Дитчрик. За време на состанокот, Колоски изрази несогласување кон референдумот за промена на уставното име на Македонија, како и распределбата на USAID фондовите за поддршка на референдумот.

На вчерашниот состанок, претставниците на ОМД остро ја критикуваа условеноста на Македонија за промена на уставното име по цена на придобивките наведени во Преспанскиот Договор. ОМД исто така изрази несогласување со неодамнешните изјави на Стејт Департментот, кои погрешно ги интерпретираат резултатите од референдумот оддржан на 30 Септември како успешни. Државната Изборна Комисија (ДИК) на Македонија го прогласи референдумот правно неважечки поради незадоволениот услов за исполнување на клучните 50% излезеност дефинирани во Уставот.

ОМД се спротивстави и на актуелното писмо од страна на Помошник Секретарот за Европски и Евроазиски Прашања Вес Мичел упатено до лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, кое дава впечаток на партиска фаворизација во Македонија. Ова писмо, заедно со изјавата на Заменик Претседателот Пенц, изразуваат поддршка кон уставните промени на Македонија, се значителни и вознемирувачки пример на несоодветно мешање на САД во домашната политика на Македонија.

Очекувањата од Македонија да спроведе уставни промени е спротивно од клучните принципи на администрацијата на Претседателот Трамп, за немешање во внатрешните политики на суверените нации. Напорите на САД за вршење на притисок врз Македонија за промена на уставното име на земјата, како би ги задоволила барањата на Грција, според ОМД се контрапродуктивни и несоодветни. Пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ не смее да биде предмет за промена на уставното име на земјата. Наместо тоа, САД треба да и помогни на Македонија во исполнувањето на критериумите за членство, што бара структурни реформи, владеење на правото и стабилни владини институции.

ОМД, исто така, изрази загриженост во врска со вмешувањето на американскиот амбасадор Џес Бејли во секојдневниот живот на Македонците - особено притисокот на пратениците да гласаат за уставни промени и побара итно повлекување од неговата функција во Македонија. Ваквите акции го нарушија имиџот на САД во Македонија, региониот и ја намалија македонската поддршка за влез во НАТО и во ЕУ. ОМД ги поддржува државјаните на САД кои бараат истраги за однесувањето на амбасадорот Бејли, вклучително и во соодветна употреба на американските даночни долари за да ги поттикнат Македонците да поддржат еден исход над друг.

ОМД цврсто верува дека поддршката на САД на Преспанскиот договор ја поткопува демократијата во Македонија и ќе доведе до уште поголема нестабилност во регионот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.