|
||||
Русија не го менува ставот, за неа остануваме Република Македонија |
Русија не го менува ставот, за неа остануваме Република МакедонијаРуската амбасада во Македонија преку Твитер соопшти дека Русија ја признала Македонија под уставното име пред повеќе од 26 години и својот став нема да го промени. Веднаш по референдумот руското МНР соопшти дека Западот е решен да го вклучи Скопје во НАТО и покрај спротвниот став на граѓаните. – Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагадната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа Преспанскиот договор, резултатите од референдумот веднаш беа поздравени од лидерите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон. Тие се решени да го вклучат Скопје во НАТО и покрај спротивниот став на македонските граѓани, наведуваат од МНР на Русија. https://novatv.mk/rusija-ne-go-menuva-stavot-za-nea-ostanuvame-republika-makedonija/ |