Недела, 21 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Филип Бојаџиески - млад Македонец од Торонто Канада, за мојата Македонија

44702818 10215942076959515 7079072119262281728 nПишува Филип Бојаџиески - млад Македонец од Торонто Канада

За мојата Македонија

Никогаш немам напишано статус на ФБ за ниеден политичар или некој партиски симпатизер со цел да пробам да влијаем да го сменам неговото мислење или одлука и го ценам правото секој е одговорен за искажаната јавна мисла и за донесената сопствена одлука .

Станав од спиење со болка во градите која досега во овој мој 25 годишен живот ја немам осетено МАКЕДОНИЈА Е ПРЕДАДЕНА, ми звони во главата .

Пробувам некако да се смирам но не оди. Од моите 25 години 16 године во туѓина, и секое лето во Македонија, во Тетово, во моето Тетово, нечисто со ископани улици блокирани тротоари но тоа е, пак моето најубаво Тетово ..

Кога ќе слета авионот на аеродромот во Скопје не знам како да ви го опишам најубавото чуство на светот, низ главата ми поминува мислата, ДОЈДОВ ДОМА ..

Излагаш од вратите на аеродромот, те чека фамилијата, другарите и нивните топли прегратки и секогаш со насмевка на лицата.

Деновите за престој ми се броени летото проаѓа и брзо ми доаѓа денот да се враќам назад ,a срцево ми се стега имам чуство како да ме растргнува на милион страни, солзите сами ми доаѓаат ама ги стискам, не се предавам да не ме видат, голтам. Се убедувам се надевам дека еден ден повторно ќе се вратам дома, дома таму кај сум роден во мојата Македонија . Оној кој е во странство или пак има фамилија во странство ќе ме разбере, го знае тоа чуство и таа болка од разделба.

Се враќам назад во туѓина, во Канада, во Торонто, во кое само во Торонто има 153 нации. Имам другари од цел свет и од места каде што се живее многу полошо и посиромашно од Македонија но се горди на својата татковина, на својата нација.

За нас Македонците не верував дека ќе бидам сведок на нешто што ќе ми биде одземено мене и на цела нација во Македонија, и на секој надвор од Македонија кој се чувствува како Македонец.

Ах ме боли, ме пече, предадено е името на нашата Држава Македонија, украден и згазен е мојот и Вашиот идентитет и правото да се нарекуваме Македонец.

Не сум овде да барам вина кој што направил, тоа се истите гомна кој скокаа од една до друга партија, де у СДСМ де у ВМРО-ДПМНЕ и работаа против Македонија, дали како лидери пратеници или некој министерчиња.

Никогаш не сум бил против просперитетот на Македонија и подоброто утре на сите кој живеат во Македонија, ама кога еднаш ќе заминете од родната грутка таму кај што ќе идете, ќе ве прашаат од кај сте, од Македонија им кажувате, но после предаствотото вие не сте од Македонија туку од Северна Македонија.

Да, да, овде се сурови на западов нема емоции нема плач, овде има само строго утврдени правила на банкарите на богатите кон сиромашните, а Македонија секогаш ќе биде сиромашна во очите на таканаречени европејци.

Кога ќе поминете на граница кога ќе го покажете Бугарскиот пасош вие сте Бугарин, јас со Канадски пасош сум Канаѓанец а вие со Северниот пасош ќе бидете Граѓани од Северна Македонија, а името Македонија екслузивно ќе го имаат Грците, зошто само тамо ќе бидат Македонија, ни со точка ни со запирка пред името или после името.

Имав едно 12-13 години, еден дел од мојата фамилија потекнува од Егејска Македонија и имаше собир во салата Борис Трајкоски во Скопје . Се качив во автобус, организирано беше, имаше собир на децата бегалци од Егејска Македонија, во аутобусот се пееја Македонски песни од нивните села од кај што потекнуваат . Кога стигнавме имаше еден стар дедо кој идеше точно пред мене, влеговме низ вратата и наеднаш застана, смрзна, погледна кон еден друг човек и почна да плаче и почнаа да се гушкаат и солзи да им течат како на мали деца и НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ нема да ги заборавм зборовите на дедото: ГО НАЈДОВ БРАТ МИ, ЖИВ Е ЖИВ Е!

Толку време поминато а не знаел дека брат му каде е и дали е жив, и ете се најдоа во Македонија, во нашата Македонија, заради која беа толку време разделени, заради тоа што нивната вина е само таа што се Македонци.

Денес во 2018 се случува истото, единствената наша кривица е таа што сме Македонци ..

Ја не сум ДПМНЕ, ја сум ВМРО по идеологија, ја сум човек кој си ја сака мојата татковина, нејзината историја и во срцето го чува името Македонија. Ја сум човек кој се поклонува на борците кои го дале својот живот за оваа Македонија.

Благодарен сум и на мојата фамилија која дала животи за оваа Македонија, благодарен сум на сите кои издржале да преживеат да го посеат семето на Македонецот низ светот. Јас несум човек кој на тоа херојство ќе им го заврти грбот и тие имале фамилии и деца, но одлучиле да загинат за нивните деца да живеат во слободна Македонија и слободно да се нарекуваат Македонци.

Може сега да пишувате, дојди во Македонија, врати се, сега овде, брани ја државата.

Летово бев на протестите (повелете МВР) за Саздо, кој го убија курвински, а кај бевте вие?

Лесно е ФБ патриотизам, па малку кафе шема, па кафански патриотски песни, а после испиена ракија се ќе потепаме, овој е предавник што гласал за ова, за мене ќе напишат, што кур го боли него за Македонија, нека седи таму во Канада, за ова, за она, за да на крајот кога ќе станеш сабајле само глава те боли, а од патриотизмот нема ни буква П или има П ама пред П ќе додадеш, ЈА СУМ и ќе добиеш целосна дефениција на тебе, ЈА СУМ ПИЧКА а не Патриот, иако Македонски е Родољуб, а татковина е Родина .

Врти сучи се враќаме назад, ќе се вратиме на времето на ТМРО. На секој душман нека му биде јасно, сега вратата е затворена, ниту може да се излезе, ниту да се влезе. А ние Македонците секогаш ќе бидеме тука и никогаш нема да ви се тргнеме ни за еден милиметар.

За мене лично, ја сум 16 години во Канада и секоја година по 4-5 месеци во Македонија, во моето родно Тетово.

Судот не е да суди човекот. Само БОГ може да суди.

Да живее Република Македонија!

ПРАВДА ЗА САЗДО!

ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА!

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.