23 октомври и ВМРО се преродба во македонското ослободително движење,
23 октомври и ВМРО се завет на македонските револуционери, предвесник, темел на еден период наплатен со животите на многу македонски синови – жртви за слободна и независна Македонија. Темел на Илинденската Република, симбол на непокорноста на македонскиот народ, визија за македонската автономија.
Токму 23 октомври беше денот кога почна се', денот кога првпат во македонската историја се создаде организација што го поведе народот во организирана борба за идејата за македонска држава.
Тој датум беше денот кога се поставија темелите на идната македонска државност, почеток на каузата за самостојна и независна Македонија.
Знаете ли за подостоен празник за Македонците кој би го славеле?
Овој ден се слави љубовта кон Македонија, која е поголема од љубовта кон соспствениот живот, кога се станува саможртва, со верба во Господ, ден оставен како аманет на нашиот пат, ден во кој се испишува вечната страница на Македонизмот.
На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).
Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
На овој ден било разгледувано прашањето околу дејствувањето и работењето и идејната поставеност на новата македонска организација. Било одлучено организацијата да дејствува револуционерно и сите активности да ги спроведува строго конспиративно. Дејствувањето да се извршува исклучиво на територијата на Македонија во нејзините природни етнички и историски граници и во неа да членуваат лица родени или исклучиво кои живеат во Македонија, без да се гледа верската и националната припадност.
Дискусиите се одвивале во правец на автономија на Македонија со цел да се искористи чл. 23 од Берлинскиот договор. ВМРО била формирана, една година подоцна се приклучил и Гоце Делчев, по што идејата за автономија добива поголема сила, потоа следеле Ѓорче Петров, Христо Матов и другите, по што Организацијата успеала да изгради еден импресивен паралелен систем, безмалку државен, кој функционирал до 1903 година и врвот во нејзиното дејствување, Илинден. Знаеме ли за друга историја, знаеме ли за друга Македонија? може ли некој да ни го земе националниот идентитет на сите заложби и жртви? Има ли таков и кој е тој? Да прославиме браќа и сестри македонци, наследници на Македон, наследници на Филип таткото на Александар Македонски, ние сме библиски народ, ние сме божји чеда, ние сме пород на паталци и патриоти, ние сме потомци на револуционери, а Македонија е ветена земја, зeмја на патриоти во свое време, време на интегритет, економска моќ, независност и автономија, време за европска Mакедонија, со сопствена историја и самобитие... СРЕЌЕН 23-ти ОКТОМВРИ БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ! Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ- Верни на Организацијата! |